Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Пригожин: Украина никогаш не и се заканувала на Русија

Пригожин: Украина никогаш не и се заканувала на Русија

Водачот на платиничката, паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин изјави дека Украина „никогаш не се заканувала дека ќе ја нападне Русија“, како  што тоа го тврди Крем за да ја оправда својата инвазија врз украинската територија.

Изјавата на Пригожин претставува драматичен пресврт во неговата пресметка со рускиот воен врв , а посебно со министерството за одбрана, со министерот Сергеј Шојгу и со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.

Во редовните видео пораки, Пригожин има речено – „Ние (Русија) и тие (Украина) разменувавме оган. Тие возвраќаа на нашите напади и тоа траеше цели осум години- од 2014 до 2022 година. Од определена гледна точка и од бројот на нападите , сето тоа изгледаше како нешто нормално, се до 24 февруари минатата година“- има речено водачот на Вагнер.

Војната е почната од други причини

Според него, сега, министерството за одбрана се обидува да ја измами руската јавност, а на тој начин и претседателот, со нудењето една глупава и измислена приказна дека имало агресија  од страна на Украина и дека тие нас, Русите, не имаат нападнато, заедно со силите на НАТО.

„Специјалната воена операција почна на 24 февруари 2022 година и – да се разбереме- беше почната од сосема поинакви причини . Секако не затоа што Украина се закануваше со напад врз територијата на Русија“- сега тврди Пригожин.

А, станува збор за човек за кого не може да се рече дека е  неинформиран , затоа што токму во Источна Украина , во бунтот  во Луганск и Донецк, директно потикнат и помаган  од Москва, учествуваа платениците на Вагнер кои таму се промовираа за прв пат, борејќи се на страната на Кремљ.

Ваквата изјава , првата која може да се слушне од руската страна, а да не е од опозицијата и од противниците на војната, доаѓа после повеќе месечната пресметка на Пригоин со руската армија и со врвот на војската , околу тоа дека погрешно се водат воените операции , но пресметка и во неговите редови и во редовите на армијата за влијание во Кремљ.

Судир со Шојгу и армискиот врв

Зборлеститиот и самобендисан милионер, едно време познат и како „куварот на Путин“,  во изминатите месеци има емитувано во јавноста бројни „запаливи“ и мошн критични видеа и видео пораки со кои редовно ја дисквалификува рускаа армија- за неспособност на фронтот што , според него, е причина и за бројните неуспеси и порази на армиските сили против Украинците.

Војната со зборови почна откако армијата и министерството за одбрана го оставија Вагнер без муниција, што Пригожин вели дека било причина за големите жртви на неговите сили. Во мај, на пример,   застанат пред мртвите тела на „вагнеровци“ убиени во борбите за Бахмут, тој остро ги нападна командантите на војската дека се неспособни, дека се бирократизирани и дека знаат да командуваат од своите скапо уредени кабинети, но не и на фронтовската линија.

За ваквите обвинувања и за јавната дисквалификација на армиските сили, секој обичен Русин, секој новинар или опозиционер веднаш би бил уапсен и осуден на долга затворска казна.

Но, на Пригожин (досега) ништо му се нема случено, иако се зборуваше дека односите со Кремљ му се залладени, без разлика што рускиот претседател му дозволи Вагнер да се претвори во компанија, а во Сенкт Петроград да си изгради суоер модерно здание каде е сместено нејзиното раководство.

Откажување од Вагнер

Се веруваше дека путиновото толерирање на изјавите и критиките на врвот на војската од страна на водачот на Вагнер , посебно за министерот за одбрана Сергеј Шојгу, е составен дел од играта на Владимир Путин во стилот- раздели па владеј- држејќи ги на тој начин и едните и другите за себе, а насочувајќи ги меѓусебе  да се судираат.

Сега, меѓутоа, се верува дека работите изгледаат сосема поинаку, а дека Путин не ја води играта на „мачката и глувчето“. Посебно  дека не му успева со стратегијата да ги има за себе и двете страни, па дека затоа морал да се одлучи- да застане зад армиските сили и зад генералите.

Тоа се гледа и од наредбата од пред десет денови  со која министерството за одбрана објави дека Вгнер се става под команда на војската и (практично) се расформира.

После ваквата разврска, малку е веројатно дека остануваат политичките амбиции на Евгениј Пригожин во политиката. Во внатрешните битки во и околу Кремљ за престиж и за позиција во времето после Путин, милионерот и водач на Вагнер останува како аутсајдер.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе