Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Џонсон и рускиот лорд-шпион

Џонсон и рускиот лорд-шпион

Италијанската контра-разузнавачка агенција ја надгледувала раскошната вила- Палацо Теранова-  сопственост на руското семејство  Лебедев, во времето кога тогашниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, во владата на премиерката Тереза Меј, доаѓал  често на гости, на разните забави и бучни журки- открива британскиот ТВ канал 4. во документарниот филм за пријателството на Британецот со Лебедеви.

Во документарецот, заглавен како,  „Борис, лордот и рускиот шпион“ се тврди дека вилата, среде големиот имот во Италија, се користела за потребите на руските тајни служби и за разузнавачка дејност на Русија, на  италијанска територија.

На журка кај Лебедев

Италијанските разузнавачи имаат направено посебен извештај за случувањата во вилата и во тој таен документ се тврди дека таткото Алексанадар Лебедев , поранешен оперативец на руското разузнавање кој потоа стана бизнисмен, се пресели во Лондон (наводно незадоволен од власта на Владимир Путин) и таму ,заедно со својот син Евгениј,  многу брзо и вешто се инволвираа во високото британско општество, сепак, останал и натаму близок со рускиот претседател, како и дека продолжил да работи како шпион.

Во април 2018 година, Џонсон присуствувал на министерскиот состанок на НАТО , посветен на обидот за убиство на екс рускиот разузнавач , сега бегалец и политички дисидент во Британија,  Сергеј Скрипал, со помош на нервниот агенс – новичок.

Во нападот на оперативци на руската тајна служба ГРУ, во англискиот град Солзбери, Скрипал не беше повреден ,но настрадаа трагично една жена- случајна жртва на нападот и еден локален полицаец кои ги имаат држено во раце опаковката во која вил ставен отровниот агенс.

„Ивнинг Стандард“ во руски раце

На состанокот на Алијансата, заклучено е дека Русија стои зад атентатот , извршен еден месец пред тоа. Не почитувајќи ги безбедносните мерки и заклучоците на состанокот, неѓутоа, набргу по неговото завршување, Џонсон заминал за Италија за да биде гостин на една забава која ја организирал синот Евгениј Лебедев, во Палацо Теранова.

Блискоста и пријателството на Џонсон со семејството Лебедев, а посебно со синот Евгениј, е започнато од порано, уште додека Џонсон беше градоначалник на Лондон.

Уште од тогаш британскиот политичар станува чест гостин во руската вила, за која Италијанците верувале и се уште мислат така дека била прикриени шпионско гнездо, пристуствивајќи таму на раскошните журки , исполнети со многу скапи пијачки и убави жени.

Таткото Лебедев во Лондон го откупи градскиот весник „Ивнинг стандард“ кој беше пред згаснување и одлучи да не се продава, туку во поопладневните часови да се дели бесплатно, издржувајќи го од рекламите.

Русинот го помага Џонсон

Преку него, го промовираше својот син кој се појави во британскиот главен град и ваднаш стана главен уредник, како и чест гостин на бројните приеми во високите кругови. Весникот , пак, се повеќе и се посилно „дуваше во градите на Џонсон“ за да биде величан како најдобриот градоначалник , при што бучно беше промовирана секоја поважна одлука на градските власти.

Се верува дека Лебедеви ја имаат финансирано и кампањата за повторниот избор на Џонсон, но се сомнева дека ова руско (шпионско) семејство стои и зад навлегувањето на Џонсон во британската политикаа.

Прво, како еден од најжестоките поборници за излегување на Британија од ЕУ, а по Брегзит за обезбедувањето место во владата и преку пучот против Тереза Меј обезбедувањето  лидерската позиција кај ториевците и влез во Даунинг стрит 10.

Лебедев станува лорд

Сомнежите околу една ваква разврска на пријателството на Британецот и доселениот Русцинец, се засилија многу кога Евгениј Лебедев стана британски лорд  и член на Горниот дом во Парламентот, на предлог и по силен притисок на Џонсон, сега како британски птремер.

Меѓутоа, дури во јули минатата година тој призна дека имал средби со поранешниот руски агент Лебедев, во неговата италијанска палата.

Во таа прилика , Џонсон има само речено дека – „колу што се сеѓвам и колку што знам, на средбите не се разговарало за работи брзани со британската влада“. Италијански разузнавачки експерти, го осудуваат однесувањето на Џонсон , нарекувајчи го како -неодговорно.

Луѓе во министерството за надворешн работи во Рим, пак, за документарецот на Канал-4 имаат речено дека Лебедев се уште работи за КГБ.

Нова афера „Перови за пари“

Портпаролот на Џонсон, на сето ова гледа сосема поинаку, не сметајќи дека екс премиер има направено нешто лошо. Според него, Лебедев сега е британски државјанин и го има  критикувано режимот на Путин.

Овој портпарол смета дека не треба да им се суди на луѓето според тоа од каде потекнуваат и каково презиме носат. Означувајќи го осудувањето на постапката на Џонсон  (другарувањњето и давањето титула лорд на Лебедев) како – „досадна ксенофобична кампања“.

Силна е реакцијата и на Евгениј Лебедев- кој нападите кон него ги означува  како “антируско, расистичко вознемирување“.

Малкумина се оние во Британија што ќе ги прифатат ваквите оправдувања. За нив ако ништо друго – постапката на Џонсон е сосема налик на аферата – перови за пари- која со собори Тони Блер во 2007 година.  Борис Џонсон, исто така,  беше соборен-  за аферата „Партигејт“ и за  лажење при сведочењето во Парламентот за оваа афера во време на корона пандемијата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе