Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

НАТО и понатаму со Столтенберг

НАТО и понатаму со Столтенберг

Актуелниот генералн секретар на НАТО Јенс Столтенбрг , ќе остане и понатаму на функцијата, барем уште за една година, пишуваат европските медиуми повикувајќи се на извори во Алијансата.

Според овие извори, пропаднале обидите да се најде негов наследник кој би бил прифатлив за сите 31 земји-ленки.

Освен тоа, дел од членките се на мислење дека не е време за смена на генералниот секретар во моментите кога на тлото на Европа се води војна.

САД за одлагање на смената

Уште повеќе што  Русија по инвазијата врз Украина почна да им се заканува и на земјите  од Алијансата, нејзини  поранешни сојузници од некогашниот источен, советски комунистички блок.

Од друга страна, Американците кои на почетокот ја прифаќаа желбата на Столтенберг да се повлче, сега мислат дека тој е мошне добар како прв човек на НАТО, навестувајќи дека САД би сакале да се одложи смената на врвот на оваа органзација.

Претседателот Џо Бајден повеќепати го има пофалено   Столтенберг  за успешното раководење со Алијнсата по руската агресија врз украинската теритрија. Овој месец тој  изјави дека Столтеберг „има направено неверојтно (добра) работа“ .

Официјална одлука за тоа дека се продолжува мандатаот на Столтенберг, засега нема, но се верува дека тоа ќе се случи за време на наредниот Самит на НАТО во Вилнус, што ќе се одржи за помалку од две недели.

Норвешкиот политичр уште минатта есен навести дека не сака нов мандат во НАТО . Се зборуваше дека тој ќе биде именуван за гувернер на Националната банка на Норвешка.

„Чувство на должност и одговорност“

Според европски медиуми тој сега има речено дека се согласил да продолжи да ја извршуваа оваа функција поради „чувството на должност и одговорност“.

Од моментот кога Столтенберг најави повлекување, се појавија низа имиња како потенцијални кандидати за негов наследник. Се  зборуваше дека е ова време кога треба жена да го предводи НАТО, па за таа позиција нејмногу се споменуваше премиерката на Данска.

Подоцна како „силни“ кандидати се споменуваа британскиот министер за одбрана и шпанскиот премиер, но изгледа дека ниту еден од нив не можеше да обезбеди подршка од сите земји-членки.

Британецот и затоа што Британија повеќе не е дел од ЕУ, за да може да зборува за безбедносните прашања на Унијата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе