Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Нов бизнис- лет до работ на вселената

Нов бизнис- лет до работ на вселената

Некои се трагачи по океанските длабочини, како оние кои тргнаа ( но за жал не стигнаа) до дното на Атланскиот Океан, каде 111 години леажат потонатите остатоци ид прекуокенскиот брод „Титаник“. Патувањето со мини подморницата „Титан“ што заврши трагично, беше само за најбогатите- една карта за осумчасовното патување до дното на океанот и назад чини 250 илјади долари.

Други, пак, сакаат да трагаат по небеските височини- во лет до самата граница со вселената- за што треба да се плати многу повеќе- 450 илјади долари. Велат дека за ваквото патување постои голем интерес меѓу милијардерите – меѓу оние кои може да платат толку пари за една карта, за да се искачат до 85 илјади метри височина.

Трка во вселенскиот туризам

Тоа го покажува и своевидната трка во т.н. вселенски туризам, како што тоа го направи британскиот милијардер Ричард Брансон чиј ракетен авион „Вирџин Галактик“ , во четвртокот полета од пистата на еден аеродром во Њу Мексико и се искачи до работ на вселенскиот простор.

Во леталото беа двајца поковници на италијанското воздухопловство и еден Италијанец, воздухопловен инженер кои им се приклучиле на инструкторот  на „Вирџин Галактик“ и на двајцата пилоти на леталото. Летот до почетокот на вселената траел 90 мимути.

На највисоката точка, целата посада можела – на неколку минути- да се најде во бестежинска состојба, додека моторите на ракетниот авион, по што леталото одново се нашло во земјината орбита и безбедно се вратило на Земјата, на авионската писта блиску до градот Ел Пасо.

Овој промотивен лет претставува круна на настојувањето на компанијата „Вирџин  Галактик“ за целосно вклучување во вселенскиот туризам, на што Брансон работи уште од 2004 година.

Продадени 800 карти

Неговата компанија веќе има придадено 800 карти за едно вакво патување, по цема од близу половина милион долари за едно седиште во леталото.

„Вирџин Галактика“ сега планира да изгради доволно бројна флота од ракетни авиони, за да може да се задоволи побарувачката- за 400 вакви летови во една година.

На тој начин, Британецот се вклучува во овој нов бизнис за забава на најбогатите, во кој вече се наоѓаат двајцата Американци- милијардерите Џеф Безос со „Blue Origin” и Илон Маск со својот „Space X” .

Ова возбудливо и авантуристичко патување, за многумина, е опасна луда забава и при тоа се потсетува дека успешниот лет на брансоновото летало доаѓа само неколку демови по трагедијата со мини подморницата „Титан“, покажувајќи дека продолжува трендот за трошење големи пари за вакви експедиции- од чиста забава.

Пред две години, самиот Брансон леташе до вселената и назад во својот ракетен авион, признавајќи дека тоа му е најхрабрата авантура во животот.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе