Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Уличен бандитизам зад револтот

Уличен бандитизам зад револтот

Фаталното пукање на еден полицаец во кое беше убиено едно 17 годишно момче, додека возел автомобл, во едно од предградијата на Париз покрена шестдневни улични немири, со ретко видено насилство и уличен бандитизам.

Со подметнување пожари,  со грабежи дури и на оружје, со  палење на автомобили и со обид да се запли и куќата н еден од градоначалниците на едно такво предградие.

Убиениот е од северноафриканско, алжирско потекло, па мнозинството од оние на улиците , велат, биле млади од редовите на мигрантите.

Политизација на убиството

Но, зад револтот од трагичниот инцидент, се најдоа и оние  кои протестираа за законот за пензиите, припадници на милитантната француска ултра-десница, крајно левичарски активисти и припадници на разн анархистички групи кои се секогаш на улица кога реба да се тепаат со полицијата и да се поткоува власта.

Политичарите од крајната десница ( Марин ле Пен) и од крајната левица (Жан Лук Мелешон) се обидоа  да го искористат гневот на арапсксата миграција во земјата  и жалоста на семејството, за евтини политички потреби- десницата од антиимигрантски позиции, а левицата за да се пресметува со власта.

После четвртиот ден насилство,  се огласија и члнови од најблското семејство, барајќи да се запре бандитизмот на улиците и да не се користи смрта на момчето за политички цели.

Обвинување за полицаецот

Откако ситуацијата беше ставена под контрола, се анализираат случувањата и околу тоа, различни позиции имаат и мигрантите (тврдат дека се безмалку второкатегорно население), и делови од јавнста која на „потпалувањето“ на Париз и околината и даваат општествена слика, за она што е денешна Франција, како и полицијата и владата кои се држат на законите кои се во сила.

Полицаецот кој го има застрелано момчето е обвинет за убиство, што е остра квалификација, далеку над важечките закони на кои се повикува адвокатот на обвинетиот полицаец.

Тој тврди дека неговиот клиент го нема прекршено законот кој и дава на полицијата овастување да користи огнено оружје.

Законско овластување

Овој инцидент , сепак, беше трето вакво убиство од стрна на полицијата во оваа година- за време на сообраќајна контрола- по барање на полицијата возачот да го запре своето возило.

Тоа доаѓа после 13 вакви инциденти во текот на 2022 година, во кои повеќето од жртвите се лица од арапско потекло.

Полицијата може да упореби оружје во вакви ситуации според законот од 2017 година. Тоа значи и тогаш кога возачот со возилото не го почитува полициското барање да застане, а кога  полицијата смета дека постои потенцијална закана возилото да се употреби како оружје. Било против полицајците, но и против пешаците и луѓето на улиците.

Запален  во патролно возило

Жртвата во последниот инцидент-  Нахел М. од минатиот вторник  – го направил токму тоа- одбил да го почитува барањето на полициската патрола- да застане за контрола.

Во Франција не се ретки бунтовите на миграните од северноафриканското подрачје- главно со потекло од Алжир и Мароко- по предградијата каде тие живеат, во услови на голема невработенст, но и многу криминал, што со себе повлекува насилство, а тоа полициска интервенција и недоверба на силите на редот кон овие лица.

Законот, за кој сега од мигрантските кругови се бара да се укине е донеен после едн брутално убиство на еден полицаец , од стрна на млади мигранти.

Во полициското возило во кое тој седел, паркиран во едно од предградијата, му фрлиле „молотов коктел“ (петрол бомба) и жив го запалиле.

Контроверзен закон

Веднаш потоа е покрената постапка за мерки со кои ќе се заштитат полицајците, додека се на должност, па е донесен законот според кој беше застрелан и убиен младиот Француузин од алжирско потекло, што го предизвика насилството на улиците,  какво одамна не е видено.

Излегува дека постапката на полицијата била во склад со постоечкиот закон.

Сегашниот министер за внатрешни работи го брани законот, а така мислат и од синдикатот на полицијаа, иако владата мораше да застане  зад јавноста.

На една страна,  зад ревлтот на популацијата која мисли дека е погоден, не верувајќи дека полицијата има ист аршин. Но  и зад стравот за личната безбедност  на граѓаните,  бранејќи се од ноќните налети на улична бруталност и бандитизам .

„Лиценца за убивање“

Едно истражување покажува дека бројот на фаталните пукања кон возачи во возила во , се зголемил после 2017 година и донесувањето на законот.  Имало 39 убиства од страна на полицијата, а од нив 13 биле кон возачи кои одбиле да застанат за полициска контрола.

Критичарите велат дека полицајците имаат – дозвола за убивање.

Полицијата и министерството за внатрешни работи, меѓутоа, ги отфрлаат овие  податоци, како неточни и тврдат дека бројот на убиствата е намален, со новиот закон.

За  полицијата е (велат)  некоректно  да се тврди дека тие имаат „лиценца да прават што сакаат“ , инсистирајќи  дека го користел оружјето во сомнителни ситуации, кога било оценето дека постои закана за безбедноста на граѓаните.

Помалку од САД и Канада

Истрагата за инцидентот во Нантер ќе покаже дали и во случајот на 17 годишниот Алжирец имало таква потенцијално опасна ситуација, или пак станува збор за пекумерна употреб на сила.

Во секој случај, законот од 2017 година е исто така на „обвинет“. Според полициските официјални податоци,  во 2021 година имало 37 мртви во разни полициски операции. Десет се однесуваат на ситуации како последниот инцидент што се закануваше да ги „запали“ Париз и Франција.

Според статистиката, во Франција има 0,5 убиени ( од полицијата) на еден милион жители. Тоа е многу помлку од САД со 3,5 или пак Канада со 1,5 убиени на еден милион население.

Во Англија и Велс ( без Шкотска), на пример,  тој процент е  помал и изнесува 0,2 убиени, во две фатални  пукања (во 2021 година), но во бројката на е внесено дека имало и 11 починати лица додека биле во притвор.

(П,Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе