Дејтон и за Косово ?
Во 1995 година, во воената американска база крај Дејтон во сојузната држава Охајо, беше запрена крвавата војна во Босна и Херцеговин.
Сега , во 2023 година, по тој урнек ЕУ и САД забрзано работат на тоа да се спречи нова војна на Балканот- овој пат во Косово.
Организирањето меѓународна конференција за Косово, на начинот како што се запре војната во Босна од пред 28 години, би било ново и сосема различно решение за косовскиот проблем кој не може да се разреши цела една деценија преговарања и нудење решенија.
Предлогот на Еди Рама
Не само што не се најде потрајно решение за новата ситуација во регионот, туку работите максимално се искомпликуваа и драматично се изменети на полошо.
Посебно во северниот дел на Косово, во реонот на поделена Митровица.
Тоа мало парче земја сега се заканува да прерасне во вистинска косовско-српска војна, откако започнатиот дијалог меѓу Приштина и Белград е целосно прекинат, со остри обвинувања за тоа кој е повеќе виовен за ваквата ситуација.
Деновиве , албанскиот премиер Еди Рама, затоа, предложи свикување меѓународна конференција за Косово, или за српско-косовските односи. Тоа веднаш наиде на одобрување и во Брисел и во Вашингтон.
Земи или остави
Пред било што да се покрене и да се добие согласност , една таква конференција веднаш беше означен како „нов Дејтон“. Посебно, откако во елаборацијата на својот предлог Рама инсистира на тоа конференцијата да трае се додека двете страни не постигнат договор.
Главните играчи и создавачите на ескалацијата на кризата, засега, немаат реагирано на предлогот на албнскиот премиер.
Аналитичари во Белград, меѓутоа, оценуваат дека овој предлог српската страна тешко дека би можела да го отфрли и да не го прифати. Особено што тој би бил поставен во форма- земи, или остави.
„Потреба од глобален пристап“
Колку за потсетување- во Дејтон 1995 година, делегациите на Бошњаците, на Хрватите и на Србите , односно на БиХ, Хрватска и Србија беа оставени да преговараат се додека не се договорат.
После безмалку три децении, одново се работи на тоа, на ваков начин, да се остават Србите и косовските Албанци да преовараат се додека не постигнат согласност за разрешување на една од најголемите кризи во Европа, која е закана и за целиот регион.
Претедателот на Евопскиот совет Шарл Мишел веќе ја има подржано идејата на Рама, согласувајќи се дека кризата со Косово е дојдена до потребата од глобален пристап за нејзиното надминување и за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
Почеток на организирањето
На„ косовската Дејтон конференција“ би учетвувле ЕУ и големите во Унијата- Германија, Франција и Италија, како и САД и Бритаија, а би биле вклучени и некои од соседите ( на пример Унгарија, Грција, Албанија и уште некои), како и НАТО кое е веќе на Косово .
Русија која е во војна против Украина, по инвазијата од пред 1,5 години, нема да учествува, а засега не се знае дали во ваквата конференција би била вклучена и Турција.
Белградски медиуми тврдат дека Брисел веќе се наоѓа во фаза на почетна организација , затоа што сегашната фаза на преговарачкиот процес (Приштина/Белград) – со или без САД- не дава резултати.
Ниту кога станува збор за новите делумни локални избори на северот од Косово, а ниту за создавањето на Заедница на српски општини (ЗСО) .
Република Српска во Косово?
Српската страна сега ги користи различните гледања околу ова тело за косовскте Срби, за да го блокира целиот преговарачки процес.Очигледно , прашањето за нормализација на односите со Приштина да ги одолговлекува до недоглед.
Разликите изгледаат непремостиви. Белград инсистира ЗСО, таму каде косовските Срби се мнозинство, да биде политичко тело- нешто како Република Српска во БиХ, за да преку него српската популација во Косово ги остварува своите малцински и политички права.
Како некаква федерална единица во рамките на државата Косово, преку која официјален Белград ќе може постојано да се меша во косовските внатрешни работи.
Приштина против боснизација
Приштина (а и Брисел) се против едно вакво решение, имајќи ја во прдвид ситуацијата во БиХ, со заканата која доаѓа од Република Српска и од Милорад Додик и од неговите барања за растурање на БиХ.
Косовската влада ( со право) стравува од боснизација на Косово и од создавање на постојано кризна ситуација , со постојана закана од воен судир.
Косовскиот премиер, кого и во ЕУ и во Вашингтон го обвинуваат за создавањето непотребни тензии, после договорите од Брисел и Охрид, одолговлекува со ЗСО. Сега предлага- или тоа да биде на ниво на некаква НВО, или да се користи „хрватскиот модел“- односно начинот на кој е уредена положбата на српската заедница во Хрватска.
Белград кој има силен удел во ескалацијата на косовската ситуација (манипулирајќи со партијата Српска листа, која е под контрола на владеачката партија СНС во Србија) ги отфрла новите косовски предлози за ЗСО.
Нормализацијата -крајна цел
Не сокривајќи притоа дека „игрите“ на косовскиот премиер и одговараат за одлагање на барањето на ЕУ/САД за нормализација на односите.
Особено сега, кога политичката криза во самата Србија, по масакрите во Белград и Младеновац, прераснува во „српска шарена револуција“.
Прашање е уште- како би завршил косовскиот Дејтон. ЗСО секако би се формирала, иако не според српскиот, а ниту според косовскиот предлог-модел. Конференцијата не би завршила ниту со меѓусебно признавање на двете западнобалкански држави.
Нормализцијата на односите меѓу Белгард и Приштина, меѓутоа, би била крајната цел- со откажувањето на Белград дека – „Косово е Србија“- како и со деблокирањето на влегувањето на Косово во ОН.
(О.У.)