Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Турски дронови за косовската војска

Турски дронови за косовската војска

Министерстворо за одбрана на Република Србија се огласи со соопштение во кое реагира на – како што се вели- „засиленото вооружување“ на Косово во што се вклучени неколку земи, а пред се, Турција. Тоа, според официјален Белград, е спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Со изјава за новонастанатата ситуција реагираше државниот секретар во министерството , откривајќи дека Србија преку разни канали ја предушредено турската страна да не ја вооружува косовската страна, оценувајќи притоа дека е „апсолутно неприфатливо“ Турција да му донира на Косово разно оружје.

„Нема место за паника“

Реакцијата уследи по соопштението на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата земја од Турција има добиено дронови и притоа лично им ги  има претставено на косовската јавност. Во  Белград тоа се означува како „вооружување на Косово со офанзивно оружје“ со што „значително се зголемува косовската оружена моќ“.

Особено што покрај дроновите од типот „Бајрактар“  на Косово му се испорачани и софистицирани антиоклопни оружени средства , како и минофрлачи и артилериски орудија. За Белград, ова значи зголемување на заканата кон Република Србија , иако овој висок српски функционер тврди дека „нема место за паника“ затоа што на сето ова Србија има „соодветен одговор“ .

Во едни вакви услови, за официјален Белград е загрижувачко тоа што од есен, токму Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово и што за прв по формирањето на овие сили, со нив ќе командува турски генерал. За државниот секретар во министерството за одбрана на Србија сето ова „носи дополнителни предизвици“ .

Пет беспилотни летала

Со интервју за провладините медиуми се огласи и министерот за одбрана Милош Вучевиќ кој има речено дека вооружувањето на Косово , што сега се одвива, не го менува односот на силите ( меѓу двете соседни земји), но дека ја менува ситуацијата на теренот, па безбедносната ситуација станува посериозна , а ризикот за Србија е поголем.

Тој , меѓутоа, побрзал да укаже дека неговата земја ( како производител на разно оружје) има соодветен одговор за се она што го има примено Косово, притоа споменувајќи ги посебно дроновите „Бајрактар“,  со противвоздушните средства со кои располага Србија и со електронското неутрализирање.

Министерот не ја напаѓа директно Турција, користејќи ја формулацијата – „некои земји на НАТО“, велејќи- не сите од Алијансата и открива дека освен испраќањето оружје и муниција  интензивно се врши обука и школување  на новите (косовски) подофицери, па се заедно- Косово во најново време- е многу посериозно вооружено.

Според белградски извори, Косово од Турција има добиено пет беспилотни летала, минофрлачи од 82 и 120 мм, фрлачи на гранати, како  и против тенковски и против околопни системи „Умтас“ што исто така се од турско производство.

Косовска војска

Во Белград се гневни што турската страна (практично) прави трансформација на косовските сили во војска на Косово, што како процес треба да биде завршен до крајот на 2026 година.

Но, сите овие сознанија предизвика реакција и на српските социјални мрежи во кои се осудува однесувањето на Турција за која (досега) се сметаше дека е пријател на Република Србија, сметајќи притоа и на пријателството и блискоста на српскиот и турскиот претседател.

Особено што српската страна ја прикажуваше Турција како свој стратѕешки партнер, затоа што оваа земја е силно вклучена во бројни инвестиции и во изградбата на голем број патни правци, како и извиканиот проект „Белград на вода“.

Надлежност на КФОР

Има и бројни реакции за тоа- зашто турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го вооружува Косово и зошто тоа се прави токму сега, додека трае руската војна против Украина. Згора на се, со дронови кои ги добива и Украина, а  ги произведува воената индустрија во сопственост на зетот на Ердоган.

Но, ви српската јавност се реагираа  и зашто српската влада и власта досега немаат реагирано (јавно) на однесувањето на турската страна. Се чекаше да се огласи косовскиот премиер , па дури потоа да уследи  остра реакција- на официјален Белград.

Во меѓувреме се огласи и КФОР во стилот  -да не се созадава непотребна нервоза, во време кога се работи на обнова на прекинатот преговарачки процес меѓу Приштина и Белград. Нивното објаснување е дека само во надлежност на КФОР е воздушниот простор на Косово- со дроновите или без нив. Во таа работа, косовската влада или властите на Косово, немаат овластувања.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе