Киев се дистанцира од Русија и за Божик
Со донесување посебен закон , Украина го измени датумот на прославувањето на Божик- наместо како досега на 7 јануари, во иднина празникот ќе се слави на 25 декември, како што тоа се прави во најголемиот број христиански земји во Европа.
Оваа промена и замената на јулијанскиот каледндар со грегоријанскиот, кога станува збор за празникот со кој се прославува Христовото раѓање, за Украина не е техничко прашање, затоа што со него Киев го продолжува процесот за дистанцирање од руското наследство – овој пат и за славењето на Божик.
Русија сака да ја контролира Украина
Во изминатите години, а посебно по бруталнта руска агресија, официјален Киев, забрзано ги раскинува религиските, културните и сите други врски со Москва, приклучувајќи им се на европските и западните традиции.
Официјална Москва, засега, нема јавно реагирано на овој украински закон кој бепе усвоен во средината на јули и веќе стапи во сила.
Со векови наназад- прво во времето на империјална Русија, а потоа и во времето на комунистичкиот СССР, Москва постојано се обидувала да има целосна контрола врз Украина, иако тоа никогаш не и успеало.
РПЦ против автокефалноста
Тоа се однесува и за воспоставувањето целосна контрола од страна на Руската православна црква (РПЦ) врз украинските цркви.
Во 2019 година, меѓутоа, создадената Украинска православна црква (УПЦ) беше признаена како независна , а екуменскиот патријарх Вартоломеј, духовен водач на православните христијани, ја прогласи УПЦ за автокефална.
Таквата олука предизвика гневна реакција на РПЦ, но и на Кремљ кој вееќе и не сокрива дека сака преку руската црква сака да раководи со целиот православен свет, посебо во Европа Одлуката на Вартоломеј предизвика прекин на врските на РПЦ со Константинопол ( Цариград) и со вселенскиот патријарх.
Украинците со својата УПЦ
По инвазијата од февруари 2о22 година, руската црква и нејзиниот поглавар Кирил не само што ја подржаа агресијата врз Украина, туку сите изминати месеци ја благословуваат војната.
Досега украинските православни верници и црквите го славеа Божик на 7 јануари, како што тоа се прави во Русија.
Во изминатите години голем број украински верници ја напуштаат руската црква и се свртуваат кон сојата, украинска црква и според црковните сознанија, мнозинството верници се согласува со менуваето на календарот и со тоа најголемиот христијански празник да се слави на 25 декември.
Има навестувања дека некои верници на два пати ќе го слават празникот- според едниот и другиот календар- а има и такви кои не сакаат да ја прифатат промената, останувајќи лојални кон РПЦ и кон Русија.
Процес за одделување
Целата оваа работа околу датумот на славењето на Божик, е составен дел на процесот за одделување на Украина од Русија, која сега се третира и како агресор и окупаторска сила.
По градовите забрзано се менуваат имињата на улиците и плоштадите кои се врзани за руски личности од минатото, особено ако се од времето на СССР,а се тргаат споменици од руското и советското минато.
Забранети за прикажување се и филмови од Русија, ако се снимени по 2014 година, кога беше извршена првата агресија врз Украина и кога беше анектиран Крим.
Рускиот датум за славење на Божик на што РПЦ, но и Москва, инсистираат, сега после украинската одлука, се применува уште во Белорусија, Србија, во Црна Гора и во Македонија, како и на локации кои се под контрола на руската и на српската црква.