Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Насилниците- навивачи пред судот во Атина

Насилниците- навивачи пред судот во Атина

Во петокот (11 август) пред судот во Атина е започнато со судското сослушување на осомничените хрватски навивачи на загребски „Динамо“, во чие дивеење пред стадионот на АЕК во грчкиот главен град и насилничкиот напад врз домашните навивачи, беше убиен еден грчки дрѓавјанин, навивач на домашниот фудбалски клуб.

Форензичката истрага која е направена по инцидентот има утврдено дека 29 годишниот Михалис Кацурис утрврдила дека тој починал од искрвавување , од раната која му била нанесена со нож, познат како „карабит“ во пределот на подлактицата.

Починал за само десетина минути после неконтролирано крварење. На неговото тело не се најдени други рани, па се проценува дека бил погоден со ножот додека се обидувал да се одбрани.

Убиецот е меѓу уапсените

Сослушувањето опфаќа 104 лица – сите осомничени за тепачката меѓу навивачите на двата клуба, за кои државното обвинителство има поднесено кривични пријави. Најголем број од нив се хрватски навивачи и сите тие се товарат за четири кривични дела, како и за седум прекршоци што ги имаат направено на просторот околу стадионот на АЕК во квартот Неа Филаделфија.

Осомничени се за намерно убиство, за учество во злосторничка организација , како и за поседување експлозив и за предизвикување експлозии. Сите се сомничат и за носење и користење оружје , за нанесување телесни повреди , но и за подмитување.

Според обвинителството, меѓу оваа толпа  осомничени насилници се наоѓа и убиецот на Кацурас.

Атинските медиуми пишуваат дека главни осомничени се деветмина хрватски хулигани, меѓу кои и  лидерот на навивачката група на клубот Динамо „Бед Блу Бојс“. Атинскиот портал Прототема, пак, пишува дека во фокусот на истрагата се 13 уапсени, меѓу кои има и лица со криминално минато.

Симпатизери на ПАО како помагачи ?

За тројца се вели дека се  грчки навивачи, а во оваа група осомничени е  и еден 22 годишен Албанец. Не се знае како тој се нашол среде крвавата хрватско-грчка навивачка пресметка, но  кај кого е најден нож на кој имало крв.

Оваа верзија е посебно популарна кај хрватските медиуми кои сега тврдат дека грчки навивачи, симпатизери на другиот атински клуб- Панатенаикос (ПАО) – имале голем удел во тешкио инцидент.

Односно дека тие им биле помагачите на дојдените хрватски навивачи , дека буквално ги одвеле до сцената на тепачката и дека биле со дојдените од Загреб уште од граничниот премин на албанско-грчката граница. Дури се оди до таму што се тврди дека токму навивачите на ПАО им го обзебедиле оружјето на разулавените навивачи на гостинскиот тим.

Некои атински портали пишуваат дека меѓу уапсените е и еден грчки насилник, навивач на Панатенаикос кој од порано и е познат на полицијата, како хулиган. За него се вели дека има издржано затворска казна, а дека во изминатите шест месеци бил условно на слобода.

„Лов“ по хрватските навивачи

Во деновите по ноќта меѓу понеделникот и вторникот  во која се случи  инцидентот, грчката полиција- за која и домашната јавност тврди дека целосно потфрлила –  беше силно ангажирана во вистинскиот „лов“ по хрватските навивачи кои после она што се случи, настојувале да побегнат од Грција.

Некои од нив се откриени и фатени како со брод сакале да се префрлат во Италија.

Властите  велат дека речиси сите дојдени, за да се тепаат и да прават нереди , се уапсени и се под надзор на полицијата, но останува впечатокот за лежерноста на грчките безбедносни власти кои се обвинуваат дека, едноставно, ги имаат пропуштено дојденците да влезат во Атина. Се смета дека полицијата (наивно) верувала оти тие ќе одат на спиење, пред мечот во вторникот, од претквалификациите за европската Лига на шамшионите.

Полицијата се критикува што без големо внимание ги има примено известувањата на црногорската и на албанската полција за автомобилскиот конвој хрватски навивачи кои патуваат за Атина.

Пропусти на грчката полиција

Службениците на грчко-албанската граница се јавиле во својата ценѕтала за инструкции, но од Атина им порачале да ги пропуштат за да влезат во Грција, доколку кај нив не се најде било какво оружје или реквизити кои насилниците ги користат за тепање.

Сега се тврди дека при претресот ништо сомнително не било откриено, а тоа им служи на загрепските медиуми вината да ја префрлаат на домашните навивачки насилници, оние на ПАО лут противник на АЕК на фудбалскиот терен и надвор од него.

Се тврди дека тројца Грци имале клучна улога во опремувањето и во насочувањето на хрватските тепачи пред инцидентот- каде да одат и со кого да се пресметуваат.

Инаку навивачкиот конвој од Загреб патувал повеќе од 1400 км. до Атина, преку Далмација и Црна Гора и Албанија, а од таму, избегнувајќи го главниот автопат Солун-Атина, до грчкиот главен град. Намерно ја одбегнале територијата на Србија , стравувајќи дека би можеле да се судрат со српската полиција, а таа да ги предупреди Грците.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе