Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Француските болници без лекари

Француските болници без лекари

Болниците во Франција се соочуваат со хроничен недостиг од лекари , што според домашните и европските медиуми е проблем со  кој земјата и  нејзиното јавно здравство се сочуваат на дневна основа.

Во некои средини, на пример,  лекари-специјлисти нема ниту за најосновните здавствени потреби  и тоа се објаснува со погрешната високо-образовна политика , откако со децении на ред Франција го ограничуваше бројот на студентите кои скаа да студираат медицина. Сега таквата  политика се одмаздува , создавајќи голем здравствен и општестевн проблем.

Создадената криза, од друга страна,  предизвикува екстра работа  и исто такви обврски за лекарите и за постоечкиот здравствен персонал во болниците, но се отвораат  и проблеми од секаков вид.

Чекање со месеци за специјалист

Кризата е отидена толку далеку што во некои француски болници , посебно во внатрешноста на земјата, се редуцираат капацитетите. Тоа е особено забележливо  во клиниките каде персоналот , но и бројот на болничките кревери  се преполовени.

Докторите од општа пракса се сериозно оптоварени, но многу потежок е проблемот со специјалистите во болниците. Тоа предизвикува долго чекање  да се дојде на ред за преглед и најчесто- до одлагање на прегледите.

Медиумите пишуваат за случајот со еден пациент кој има доживеано мозочен удар , додека се наоѓал во посета на друг француски регион.

За неговата состојба се потребни многу  посети кај лекарот , специјални лекарски третмани и бројни и чести контроли. Но , за овој пациент биле потребни неколку месеци пред да биде  примен од специјалистот на преглед и пред да се почне со неговата неопходна рехабилитација – на говорот и на видот-  што биле оштетени со мозочниот удар, за да може да се постигне опоравување од болеста.

„Лекарска пустина“

Еден француски доктор за ТВ „Јуроњуа“ има изјавено  дека сега и пациентите и лекарите се на „дневна мака“ – не само за да примат нови пациенти, туку и за да се обезбеди – да нема ограничување во текот на нивното лекување и негување.

Според официјалната медицинска статистика, француските лекари за општа пракса ( матичните доктори) во две третини од случаите мора да одбијат нови пациенти, Дури 78 отсто од овие лекари, во минатата година, изјавиле дека нема доволно лекари во градовите и регионите каде тие живеат и работат.

Некои француски болници мораат да ги укинуваат ноќните смени и дежурните служби за итни случаи , затоа што немаат доволно персонал за одржување на овие служби кои инаку се витални за здравството.

Во вакви услови, сите се согласуваат дека проблемот го има создадено долгогодишното ограничување на бројот на студентите по медицина , што некои француски лекари го означуваат како создавање „медицинска, лекарска пустина“ во јавното здравство.

Под нивото на западните земји

Податоците на ОЕЦД покажуваат дека Франција има 3,4 лекари на илјада жители.

Тоа е помалку од низа западни земји членки на ЕУ, како Германија, Шпанија, Ирска, Италија и Грција, а има само малку повеќе од Белгија и една Унгарија. Но, како мала утеха се изнесува податокот дека кризата со  лекари во јавното здравство станува евриопски проблем- во ЕУ и надвор од Унијата. Тоа видливо се забележа  во текот на пандемијата со корона вирусот.

Што се однесува до  Франција,  ваквата ситуација се случува во време кога не запира (раното) пензионирање на возрасните и искусни лекари. Без притоа да има доволно нови студенти кои по дипломирањето ќе може да ги заменат оние кои се пензионирале и  без доволно млади лекари.

Се настојува ситуацијата  да се измени , пред се, со менувањето на системот со кој се ограничува бројот на студентите по медицина. Но, велат дека тоа ќе почне да се прави од следната година.

(П.Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе