Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Доживотен затвор за сестрата убиец на бебиња

Доживотен затвор за сестрата убиец на бебиња

„Јас сум ужасно многу злобна личност. Јас го направив сето тоа- намерно ги убив бебињата“.

Вака има напишано во една своја порака-признание, Англичанката Луси Летбит (33), медицинска сестра од Велика Британија, која намерно има убиено седум новороденчиња. Пораката е откриена од полицијата при деталниот претрес на  нејзиниот стан.

Полицијата и обвинителството утврдија дека  ги убивала бебињата  на тој начин , што додека ги хранела им вбризгувала воздух во желудникот и во вените и им додавала и инсулин во крвта. На овој начин има убиено седум , а се обидела, но не успеала, бидејќи бебињата преживеале,  да убие уште други шест новороденчиња.

Монструозни злодела

Судот во Манчестер на крајот од минатата недела ја осуди , прогласувајќи ја за виновна за тешкото, монструозно злодело што го има извршено, а на почетокот од оваа недела и беше определена и казната- доживотен затвор без право на помилување. Што значи дека ќе остане во затворската ќелија до крајот на својот живот.

Судот утврди дека Луси Летбит своето злосторство го има извршено во породилното одделение на болницата „Грофицата од Честер“ во англиската област Чешајар, во периодот меѓу 2015 и 2016 година. Сите новородени бебиња биле убиени додека таа била дежурна во ноќната смена .

Сега се стравува дека бројот на убиените бибиња кои ги има усмртено оваа медицинска сестра е поголем, па е покрената нова, широка истрага во која се прегледуваат сите четири илјади досијеа на болницата , врзани за новородените, во времето додека сестрата-убиец четири години има работено во тој оддел. Уште повеќе , што Летбит работела и во породилиште  во Ливерпул.

Немало тревога за бебињата

Оние кои ја познаваат, како и соседите ја опишуваат како млада медицинска сестра, посветена на професијата и на градењето кариера. За неа се знае  дека била мошне активна во, инаку успешната хуманитарна кампања на болницата, за изградба на посебно одделение за прерано родени бебиња, кога биле собрани над три милиони фунти.

Истрагата на полицијата започнала уште на крајот од 2016 година, испитувајќи која е причината за смрта на 32 бебиња  во болницата во Чешајар. За 15 од нив се знаело дека се починати меѓу март 2015 и јули 2016 година, во времето кога на породилното одделение работела сестрата Луси.

Но, смрт на бебиња, според медицински експерти , уште кога се и прерано породени, не е реткост, тоа се случува во низа болници. Управата на болницата ( сега тоа е утврдено) не обратила поголемо внимание, иако бројот на умрените бебиња во тие критични 16 месеци,  бил двојно зголемен . Сепак сестрата само била префрлена да работи во болничката администрација.

Како осомничена, Луси на два пати била кусо време притворена, но и баргу ослободена, затоа што истрагата немала докази за нејзината вина.

Одговорност на болничката управа

Во тоа време, таа категорично тврдела дека не е виновна, а  смрта на бебињата ја оправдувала со разни други причини, меѓу другото и со несоодветните услови во болницата и нехигиената. Насприти неа, биле сомнежите и отворените обвинувања од некои од лекарите кои  се сомневале дека за зголемената смртност е виновна сестрата.

На крајот од 2020 година, таа била по трет пат уапсена и во тоа време е пронајдена и нејзината порака со признанието на злосторството.

Луси Летбит е само четвртата жена во Британија која е осудена на доживотен затвор,  без право некогаш да биде помилувана. Судијата при изрекувањето на казната ја има наречено- чудовиште од жена- а британската јавност оставена во шок од откритијата за сестрата Луси, сега бара одговорност и од болницата .

Посебно од нејзиниот менаџмент кој долго  време ги има отфрлано сомнежите и обвинувањата на дел од лекарскиот состав. Останува да се разбере и што е тоа кое  покренало една млада и надворешно гледано, мирна жена, уште и медицинско лице, толку многу да се „откачи„  за да стане масовен убиец на штотуку родени бебиња.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе