Легионарската болест убива во Полска
Вкупно 14 лица досега се починати во Полска , а други над 150 се заболени , откако во југоисточните делови на оваа земја, во граничниот реон со Украина, избувна епидемија на легионарската болест.
Според полските и европските медиуми , епидемијата забрзано се шири, па само во еден ден, во понеделникот , се регистрирани десет нови случаи. Најголемиот број од заболените се сместени по болниците.
Во меѓувреме, локалните власти настојуваат да откријат како се случило бактеријата ЛЕГИОНЕЛА- која ја предизвикува оваа болест – се нашла во водоводот и во водоводната мрежа на градот Жешов и во неговата околина.
Сомнежи за саботажа
Овој полски град, инаку, последмиве 18 месеци е познат како центар од каде се испраќа хуманитарна, но и воена помош за соседна Украина. Во Жешов се наоѓаат и голем број американски војници, па првата претпоставка за епидемијата која неочекувано избувна, беше дека можеби станува збор за некаква диверзија. Но, полските власти (засега) ја отфрлаат таквата можност.
„Немаме никакви сознаија за тоа дека станува збор за саботажа“- има изјавено претставник на кабинетот на полскиот премиер. Според неговата изјава , специјалните служби забрзано трагаат по причините за избувнувањето на епидемијата, посебно насочени кон тоа да се елиминира можноста на било каква саботажа- од надвор, или од внатре.
Медицинските експерти објаснуваат дека легионарската болест е серизоно и смртоносно заболување за некои од заболените пациенти. Станува збор за опасна инфекција на белите дробови која се шири со вдишување на капките од контаминираната вода.
Меѓутоа, се уверува дека болеста не е заразна, па не се шири од човек на човек, додека заболениот самиот не се контаминира.
Возрасни и хронично болни
Луѓето можат да заболат после туширање со стари тушеви и исто такви инсталации, особено доколку тушевите не се долго време користени, поради што во нив би можеле да се смести бактеријата.
Исто така, едно лице може да се контаминира и во тоалет, потоа при капењето во базен, но и при користењето на разни клима апарати, а најчесто при користење на апарати за влажност на воздухот во работни и други простории.
Болеста на почетокот тешко се распознава, затоа што сите први симптоми на легионарската болест се идентични со оние за сезонски грип.
На удар на болеста, најчесто се возразни лица, од над 50 – 60 години кои имаат некоја хронична болест. Посебно на удар се лица со намален или слаб имунолошки систем кои лесно и брзо се на удар на разни бактерии, но како подложни на заболување се и оние кои долго се лекуваат со антибиотици.