Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Индија го менува името на државата

Индија го менува името на државата

Владата на премиерот Нарендра Моди , за прв пат официјално, името на државата- Индија- го замени со нов, санкритски термин- „Барат“ – во настојувањето, како што се вели, земјата целосно да се ослободи од колонијалното минато.

На поканите за свечената вечера што им е испратена на гостите кои присуствуваа на Самитот Г-20 во Њу Делхи, што се означува како чекор на владеачката нациоионалистичка, хиндуистичка партија државата во иднина да се нарекува само Барат.

„Барат“- бегство од колонијализмот

Лидерите на партијата тврдат дека сегашното име Индија го имаат воведено Британците , за време на 200 години колонијално владеење со целиот индиски потконтинент, па дека затоа името претставува „симбол на ропството“.

Според странските агенции, индискиот претседател Друпарди Мурму, во поканата до странските лидери, како домаќин на вечерата,  се има претставено како „претседател на Барат“, наместо на Индија.

Државата која има 1,4 милијарди жители и годинава ја надмина Кина како најнаселена земја во светот, сега има две официјални имиња- Индија и Барат- но првото најчесто се користи и во земјата и низ светот. Сегашното име , инаку, е ставено како официјално и единствено за Самитот.

Барат е стар, санскритски збор за кој и индиските историчари веруваат дека потекнува од старите, антички хиндуистички текстови. Но, зборот „Барат“ на хинду јазикот што го зборува најголемиот број од популацијата, значи „Индија“, па отпаѓа тезата дека тоа е име кое го измислиле и го наметнале британските власти.

Националистите сакаат ново име

Промената на името силно го подржуваат крајно националистичките делови на владеачката партија Баратаја Џаната, на премиерот Моди кои и ја шират приказната во индиската јавност дека станува збор за име на државата, наметнато од британските колонизатори кои владеја со земјата се до 1947 година, кога Индија се стекна со независност, заедно со Пакистан.

Партијата на Моди од почетокот настојува да ги избрише сите имиња кои потекнуваат од могулското и колонијалното минато, па досега најчесто се менуваа имињата на патиштата и на централните авении во Њу Делхи, секогаш после испровоцирани, потикнати протести  на приврзениците на индискиот премиер.

Индиската опозиција, меѓутоа, остро се спротивставува на промената на името на државата.

„Иако нема уставна постапка за промена на името- Индија да се нарекува Барат- се надевам дека владата нема да биде толку будалеста и целосно да го отфрли името Индија, кога сега и двете имиња се официјални“- има речено еден од лидерите на индиската опозиција.

Политикански игри на Моди

Според него, Индијците и натаму треба да продоложат да ги кристат двете имиња, наместо да се откажат од сегашното право на луѓето , на употребата на името кое е врзано за историјата, за индиското минато и е признато од целиот свет.

Во целата оваа расправа околу името на државата, освен популизмот на Моди и силниот национализам на Џаната партијата, има и многу внатрепартиски политикански игри на хинду блокот.

Расправата се засили откако најголемиот дел од опозицијата создаде нов блок за соборување на Моди и Џаната, нарекувајќи го И.Н.Д.И.А за претстојните парламентарни избори во 2024 година. Станува збор за акроним- скратеница за – Индиски национален сојуз за развој на инклузивноста.

Веднаш потоа од Баратаја Џаната партијата почна да се шират повици за смена на имет на дрѓавата, а таа да се нареку само Барат. Премиерот Моди побарал од министрите да ја смират атмосферата и да не инсистираат на новото име. Но, на Самитот Г-20 тој седеше зад табличката на конференциската маса на која пишуваше- Барат.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе