Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Италија го напушта кинескиот „Belt and Road”

Италија го напушта кинескиот „Belt and Road”

Италијанската премиерка Џорџа Мелони  го има известено кинескиот премиер Ли Чијанг дека  Италија се повлекува од контоверзната кинеска економско-финансиска развојна иницијатива „Belt and Road” (BRI).

Италијанските медиуми откриваат дека владата во Рим, која подолго време најавува дека не сака повеќе да биде дел од оваа иницијатива, сега настојува да ја избегне можната контра-реакција на Пекинг .

Мелони и министрите затоа  настојуваат  , како замена за напуштањњто на иницијативата, да се ревитализира спогодбата за стратешко партнерство, што е потпишана во 2004 година, со цел да се потикнува економската соработка.

На „мала врата“ во ЕУ

Италија е единствената земја, членка на елитната група Г-7  која се има приклучено на кинеската иницијатива – за глобален трговски и инфраструктурен план , што како основа го има стариот, средновековен „Пат на свилата“ кој го има поврзано тогашното кинеско царство со европскиот Запад.

Според весникот „Кориере дела Сера“ во текот на разговорот на Мелони и Ли, кинескиот премиер настојувал да ја убеди италијанската премиерка „ да не избрзува со одлуката и уште еднаш да го преиспита своето решение“, но малку е веројатно дека Рим ќе ја измени одлуката .

Мелони инсистира дека одлуката за повлекување од иницијативата на Кина не и е наметната од надвор, од нејзините партнери и сојузници, а посебнмо не од САД, како што се мисли во Пекинг.

Актуелната италијанска влада уште од почетокот на својот мандат, навестуваа дека нешто не е во ред со „ Belt and Road” и со кинеското навлегување во Европа на „мала врата“ , доведувајќи ги во прашање вредноста на спогодбата за влез во иницијативата и местото на една Италија, сега трета економија во ЕУ, во едно вакво друштво.

Западот не и верува на Кина

Спогодбата ја има потпишано владата на тогашниот премиер Џузепе Конте , во 2019 година , во време на излегувањето  на земјта од долгата економска криза, а непосредно пред избувнувањето на пандемијата.

Таквото решение на Рим  веднаш беше и остана повод за несогласувања на Италија со нејзините западни партнери и со водството на Европската комисија.

Тие  од подамна изразуваат загриженост за тоа што (покрај Западен Балкан, како и неколку членки на ЕУ) и една Италија влегува во кинескиот проект преку кој – на Западот се верува- се шири (малигното) кинеско влијание.

Особено што во инфраструктурните проекти, кинеската страна, посебно во западнобалканскиот регион ,  користи  поткуп и корупцијата за да ги придобие за себе локалните деспоти и автократи.

А, тие ги земаат кинеските заеми и државните кредити за развој, инаку поскапи и со потешки услови од европските, настојувајќи преку ваквите проекти и кинеските пари , кај своите гласачи да обезбедат „вечна“ власт.

Ли ја убедувал Мелони

Италија во следната 2024 година го презема претседавањето со групата Г-7, па во Рим се верува дека со менувањето на односот кон Пекинг, посебно кога станува збор за „Belt and Road”, владата на Мелони настојува да ја примири загриженоста на западните сојузници и партнери.

За ова прашање , на маргините на Самитот Г-20 во Њу Делхи , разговарале италијанската премиерка и Ли кој го замени на Самитот кинескиот лидер Си Џипенг кој одби да дојде во индискиот главен град, во услови кога Индија изведува воени вежби на кинеската граница, за која двете земји  неколкупати имаат и војувано.

Разговорот Мелони-Ли ,пак,  официјално, бил посветен на продлабочувањето на меѓусебните односи, како и на 20 годишнината од  нивното глобалното стратешко партнерство , што се навршуваат следната година.

Италијанските медиуми, меѓутоа, откриваат дека разговорите биле „тврди“ откако стана јасно дека Рим излегува од кинеската иницијатиа која, се покажа,  власта во Пекинг ја користи за ширење и зацврснување на кинеската позиција.

Прво во Азија, врзувајќи ги „партнерите“ во вечни должници и во политички „вазали“, а потоа и во Африка, каде  Кина веќе се однесува како вистинска колонијална сила.

Вечни должници и политички вазали

Сето тоа се врзува за стратегијата на Пекинг, посебно откако лидерот Си Џипинг  има апсолутна контрола врз оваа  земја, НР Кина да се избори за статусот на светска сила. Тоа е она што ги загрижува Западот и ЕУ, откако стана јасно дека „Belт and Road” се користи и за инфилтрирање во Унијата и во Европа, користејќи за тоа слабите точки  во ЕУ, како орбанова Унгарија и државите во Западен Балкан, влијаејќи  на политичките состојби во земјите каде е навлезена.

Кина со кредити и со инвестиции е влезена во Унгарија, од каде се има раширена- прво и далеку најмногу во Србија, а од таму и во Црна Гора и во Македонија. Секаде  има проблеми со нивните инфраструкурни проекти во кои има кинески пари.

Во Србија , на пример, има протести против кинескиот наплив и постојаното ново задолжување на земјата. Некои тамошни аналитичари , затоа, ја поздравуваат одлуката на Италија, да им се спротивстави на Кинезите и храброста на Џорџа Мелони да се одлучи на еден ваков чекор.

Црна Гора ќе остане запаметена по заканата да се најде пред банкротство , со првиот автопат во оваа екс ЈУ република, откако стана јасно дека тој е најскапиот пат во Европа- 100 км. излезе дека чинат една милијарда евра.

Поткуп и корупција

Владата  во Подгорица мораше да признае дека нема пари за плаќање на доспеаната рата од кредитот, а Кина се закани дека тоа ќе го наплати со – земање на пристаништето Бар, кое било дадено како гаранција.  Од должничката криза ги спаси ЕУ, со интервентен кредит- на кредит.

Македонија, пак, е заглавена со охридскиот автопат, но и со цела низа пропусти што ги има направено при планирањето претходната власт, што го поскапе патот и го развлече и одолжи градењето, но и некои други патни правци во изградба.

Сепак, најмногу проблеми создаде и создава корупцијата со која се опфатени кинеските инвестициски кредити, односно земениот поткуп за кој Кина инсистира да падне на товар на земјата- домаќин.

Заглавена е изгледа и Грција која стана дел од кинеската иницијатива, позната и како „1 плус 16“, преку состојбата со пристаништето во Пиреја.

Атина обвинува дека кинеската страна не ги има исполнето обврските од договорот- да се изврши темелна модернизација на пристаништето – па незадоволна Грција настојува да се повлече од „Belt and Road”. Атински аналитичари, меѓутоа, предупредуваат  дека тоа нема да оди ниту малку лесно.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе