Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нов напад од ајкула во Црвено Море

Нов напад од ајкула во Црвено Море

Две жени додека  пливале недалеку од  брегот, во едно од  египетските одморалишта на Црвено Море,  биле нападнати од ајкула. Според полициските власти, едната успеала да се спаси и да остане неповредена, но другата жена иако го преживеала нападот,  лекарите морале да и ја ампутираат едната рака.

Инцидентот се случил на плажата во египетското одморалиште Дахаб, лоцирано блиску до познатиот и популарен туристички центар Шарм ел Шеик. Другите капачи кои биле во морето се разбегале кога го виделе нападот, а спасувачките екипи на плажата брзо реагирале , извлекувајќи ја несреќната жена од водата, за која се вели дека била без свест.

Локалната болница, подоцна,  соопштила дека здравствената состојба на тешко повредената е стабилна, но  дека, сепак, морало да и се ампутира левата рака од рамето, каде ја каснала  ајкулата.

Зачестени напади во египетските води

Сведоци изјавиле дека жените не реагирале на време кога ја забележиле ајкулата и не почнале да бегаат, пливајќи кон брегот, туку останале во водата. Се верува дека и двете мислеле оти  станува збор за голема туна.

Локалните медиуми јавуваат дека веднаш по нападот плажата била затворена, а специјална екипа тргнала во потрага по ајкулата, но според весниците,  не успеала да ја лоцира и да ја убие.

Ова не е прва средба со ајкули во морето, во близината на Дахаб. Се јавува дека во минатиот месец , ајкула била видена близу до одморалиштето, што предизвикало паника, па властите веднаш го забраниле капењето во тој дел од Црвено Море. Набргу потоа, меѓутоа, забраната била повлечена.

Последен напад, со трагичен крај, во водите на ова море во Египет беше регистриран, во јуни годинава кога еден руски турист беше убиен од т.н. тигар-ајкула во египетскиот туристички центар Хургада.

Минатиот јули, во два одвоени напади од ајкула, беа настрадаа  две жени , додека пливале во Црвено Море, недалеку од брегот кај Хургада. Едната беше Романка, а другата Австријанка.

Хургада како „црна точка“

Црвено Море кое во географијата е познато како „затворено море“ , долго време во минатото важеше за безбедно, кога станува збор за вакви напади и затоа одморот во неговите крабрежни одморалишта стана популарен во туристечкиот свет. Последниве години, меѓутоа, постојано, секоја сезона, се јавува за присуство на ајкули, а изминатите три години и за напади врз капачи.

Некои британски медиуми тврдат дека тоа не е случајно и дека ајкулите (наводно) биле намамени –  да се населат во морето- како подводна атракција- која инаку се користи на Малдивите, но таму со друг вид ајкули. Туристички власти на Египет остро реагираа на овие обвинувања, тврдејќи дека тие се „без секаква основа“. Според нив, последниве години ајкулите се имаат силно намножени и во други мориња.

Оваа година, на пример, ајкули се забележани и во Јадранско Море, во водите на Хрватска, како и во Грција, во Егејско Море, но колку што се знае без инциденти како овие во водите на Црвено Море, во Египет.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе