„Ако сакате да тргуваме- јавете се“
Германскиот министер за трговија Кристијан Линднер во разговор за Би-Би-Си има изјавено дека -„ не мисли оти Британија има добиено било какви бенифиции и дека има полза од одлуката да ја напушти ЕУ“.
Зборувајќи. пак, за состојбата на сегашните трговски врски на Унијата со Британија- кои според британските евроскептици и брегзитери требаше да останат исти, или да и донесат корист на земјата, по Брегзит- министерот Линднер директно ја има повикано британската страна , таа да преземе чекори за нивно унапредување.
„Ако сакате да се интензивираат вашите трговски врски со ЕУ- потребно е само да не повикате“- изјавил за британскиот јавен сервис, германскиот министер, отфрлајќи ги како неточни тврдењата во британската јавност за состојбите во Германија.
Лондон го брани Брегзит
Според него , германската економија и бизнисот, како и снабдувањето со енергија „остануваат и натаму мошне силни“.
Во првата реакција на Даунинг стрит 10 за коментарите на германскиот министер , официјален Лондон само забележува дека Британија е „целосно отворена за сите нови (трговски) можности кои постојат и кои ги има на глобално ниво“. Останувајќи на позицијата дека Брегзит не бил грешка и дека земјата е спремна за економска соранотка со сите во светот. Порака која, инаку, силно и ја нудеше на домашната јавност, екс премиерот Борис Џонсон, предводник на тврдите брегзитери.
Лондон, затоа, не сака да навлегува повеќе во повикот на министерот Линднер за интензивирање на трговијата, која назадува после Брегзит, иако за тоа беше направен посебен европско-британски договор.
Само затоа што неколку години Британија е заглавена околу статусот на Северна Ирска во новите услови и британските проблеми со оваа покраина на Обединетото кралство.
Блокада со „северноирскиот протокол“
Станува збор за отпорот на северноирските унионисти кои двете верзии на т.н. протокол за Северна Ирска, во врска со увозот од ЕУ и извозот на Британија кон Унијата, во кои покраината ( затоа што е на островот каде е и Рпублика Ирска, која е членка на ЕУ и еврозоната) треба да има посебен статус- поинаков од оној за цела Британија.
Владата на Тереза Меј, а потоа и на Џонсон направија по еден протокол за да се задоволат унионистите во Белфаст, но тие и натану тераат инает. Тврдат дека и двата протоколи ја третираат Северна Ирска како „отцепена“ територија- поблиску до Република Ирска.
Тоа не е така, но унионисти создадо политичка блокада, поради која Северна Ирска над две години нема своја влада и со покраината директно управува Лондон.
Џонсон кој ја собори Меј од власта само поради „лошиот“ северноирски протокол и создаде своја верзија, кога пропадна и неговата, се обиде да направи и трета , но во Брисел го одбија тоа- порачувајќи му дека нема повеќе преговори за тоа прашање.
Назадување на трговијата
Сегашната влада, пета по ред од референдумот за Брегзит, на Риши Сунак се однесува како проблемот да не постои , иако впечаток е дека настојува Британија, полека, да се зближува со ЕУ, од каде самата излезе по антиевропското гласање во 2016 година.
Кристијан Линднер во разговорот за Би-Би-Си зборува за отворена покана на ЕУ кон Британија за интензивирање на трговските врски, прво со надминување на трговските бариери. Притоа уверувајќи дека Унијата е подготвена за водење трговија со Британија.
Според германската трговска комора , германскиот извоз во Вританија , во 2022 година бил за 15 отсто помал од оној во 2016 година. Британија сега се третира како „трета страна“ и така рангиран партнер, а во трговијата падна како осми на глобално ниво.
Британците сакаат назад во ЕУ
Во меѓусебната британско-европска трговија , Британија не е меѓу првите десет најголеми партнери на ЕУ. Конечно, автомобилскиот извоз од ЕУ за Британија, после Брегзит е преполовен.
Изјавата на германскиот министер и податоците кои ги илустрираат сегашните трговски врски, само го објаснуваат се поголемото разочарување на Британците од одлуката да се напушти ЕУ. Особено што ништо не е подобро за Британија во сите овие изминати години откако Британија е сама во Европа.
Последните анкети откриваат дека доколку сега би се одржал референдум за Брегзит, тој би бил неуспешен- мнозинството од гласачите би се определиле за останување во ЕУ. Нсместо Брегзит сега има иницијатива за референдум за враќање во Унијата, но мали се шанстите тоа да се направи во догледно време.
(Д.Л.)