Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска: Геј оргии во станот на католички свештеник

Полска: Геј оргии во станот на католички свештеник

Официјален Ватикан соопшти дека папата Франциско, без размислување, ја прифатил одлуката на  полскиот католички бискуп Гжегож Кашак , да се повлече од својата позиција како раководител  на бискупијата. Во соопштението не се наведува зашто поглаварот на Католичката црква ја прифатил оставката, но полската јавност и католичкиот свет во Европа, знаат  дека причината е големиот скандал- за хомосексуалните оргии на свештеници од оваа бискупаија, во домот на еден од нив.

Бискупијата на Кашак се наоѓа во југозападна Полска и за неа се разбра и во земјата и низ Европа, откако минатиот месец се разбра за организирањето оргии во домот на свештеникот-хомосексуалец , во градот Даброва Горнич.

Скандал што ја шокира јавноста

Ваквите забави можеби ќе останеа тајна, доколку на последната геј журка не се случел инцидент, поради што морало да интервенираат   службата за брза помош, а потоа и полицијата.

Една машка проститутка која свештениците ја  ангажирале за забавата,  се пожалила дека не се чувствува добро, а потоа се струполила на подот , останувајќи во несвест. Причината за колабрирањето на проститутката било – земената поголема доза од таблети за ерективна дисфункција ( Вијагра).

Некој од присутните повикал итна помош, но кога екипата дошла до станот, свештениците не дозволиле лекарите да влезат и да интервенираат за да се спасува онесвестениот „забавувач“. Медицинската екипа можела да влезе, дури откако лекарите побарале интервенција на полицијата.

Откако се разбрало што се случува под закрила на католичката црква, избувнал голем скандал кој ја има шокирано полската- традиционално конзервативна, силно католички определена јавност, но и јавноста на сите други католички земји.

Молитва за грешните свештеници

Бискупот кој (веројатно) под притисок на Ватикан беше натеран да се повлече, на почетокот настојувал целата работа околу геј оргијата да ја прикаже на христијански начин- како  сторен грев кон Бога, па ги повикувал католичките верници да се молат- за сите свштеници кои биле вмешани во скандалот.

Но, барал да се молат и за сите другите кои ништо грешно немале сторено , освен што биле погодени од ваквото скандалозно свештеничко однесување.

Според полскиот весник „Газета Виборча“ свештеникот  Томаж З. кој ја организирал хомосексуалната оргија и го користел својот стан за вакви забави, бил  набрзина набркан од црквата, во намера да се смири јавноста и да се запре пишувањето на медиумите.

Во соопштението на бискупијата се вели дека грешниот свештеник има предизвикано голем и срамен скандал, па дека затоа сосема е оправдана огорченоста на јавноста во целата бискуоија, но и во цела Полска.

Шлаканица за црквата и за конзервативците

Случајот од Даброва Горнич беше откриен  во време на силната предизборна кампања во земјата, во која националистичката и конзервативна партија Право и Преведност и нејзиниот десничарски  лидер Јарослав Качински настојуваа да добијат уште еден, трет по ред мандат.

Скандалот со геј оргиите на свештеници, затоа,  претставува удар врз угледот и престижот на црквата, но и врз оваа политичка партија и нејзината платформата, заснована на остриот конзервативизам и национализам.

Станува збор за вербата во црквата , како некаква национална институција која треба да го чува полскиот идентитет и за католицизмот и католичкото учење за моралот, за бракот и за жената. Но, над за спротивставувањето на европскиот либерализам и на системот на либералната демократија во која вистински се почитуваат  човекови права и слободи кои на тој начин се ставаат на прво место во општеството. Меѓу друите- правото на жените на абортус и правата на луѓето од ЛГБТ заедницата.

Досегашната власт токму во овој сектор настојуваше да ја оддели Полска од Европа и од европските стандарди.

Двоен и лажен морал

Оваа источноевропска земја остана меѓу најтврдите противници на правото на абортус во ЕУ, носејќи закони за кои  полската либерална јавност  верува дека се причина за смрта на повеќе бремени жени кои не примиле медицинска помош на време, само затоа што лекарите стравувале дека ќе бидат казнети, прекршувајќи некои од контроверзните полски закони.

Скандалот со хомосексуалните забави на католичките свештеници, пак,  само го открива двојниот и лажен морал на свештенството и на црквата во целина, затоа што токму таа ги покренуваше и ги насочуваше сите владини кампањи што во основа беа насочени против ЛГБТ заедницата, прикажувајќи ја како зло во општеството.

Можеби затоа, изборниот успех на полската либерална и проевропска опозиција на последните парламентарни избори  се припишува  на масовниот одзив на либералниот дел од полското гласачко тело и (велат) на жените кои гласале , меѓудругото, и за враќањето на женските права и слободи.

(В.П.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе