Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Реформирање на ЕУ за прием на нови членки

Реформирање на ЕУ за прием на нови членки

Париз и Берлин изготвија проект за реформирање на ЕУ, што се однесува на оспособувањето на Унијата за да функционира со 3о и повеќе земји-членки.

ЕУ сега ја сочинуваат 27 држави, но во следните години, до 2030 година, заедницата мора да се оспособи за приемот на земјите од Западен Балкан, како и за Молдавија и Украина кои од лани имаат кандидатски статус.

Едногласни околу проширувањето

Тоа значи дека треба да се смета на Унија со 33, или дури и со 35 земји, а во Брисел се вели дека за една таква операција, потребно е реформирање, или попрецизно речено- редизајнирање ЕУ.

Унијата, во секој случај (конечно) се зафаќа со проширувањето на кое регионот на Западен Балкан- а пред се, Македонија, како и Србија, Црна Гора и Албанија- чекаат подолго време.

Тоа го потврди и  министерската конференција,одржана  оваа недела во Берлин, на која домаќинката на собирот, германската министерка за надворешни работи  Аналена Бербок објави дека во ЕУ постои ЦЕЛОСЕН КОНСЕНЗУС околу започнување на процесот за примање  нови членки.

Квалификувано мнозинство

Во исто време (можеби и побрзо од очекувањата) Европа го покрена своето реформирање, па на масата веќе се наоѓа француско-германскиот предлог со кој е предвдува ревизија Договорот за ЕУ. со редефинирање на процедурите , за да се заштити владеењето на правото и за да се направат инситуционалните промени за примање  нови земји.

Во предлогот на прво место е ставено менувањето на досегашниот систем на гласање, односно на носење одлуки.

Предвидено е наместо едногласно (како досега) , да се користи принципот на КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО, кога станува збор за отворањето и минувањата на поглавјата ( во преговарачкиот процес).

Едногласност, да остане само кога земја-кандидат станува нови членка, Односно,  само кога ЕУ ќе гласа- дали земјата- на крајот од преговорите- да се прими во Унијата

Станува збор за една од најпредизвикувачките новини кои ги нудат Париз и Берлин, а тоа е досегашното право на вето, што во изминатите децении често се злоупотребуваше. Односно, за начинот на кој се одлучува во Европскиот совет.

Без ставање вето

Француско/германскиот предлог  за реформирање – пред новиот бран проширување- бара СИТЕ ОДЛУКИ на Европскиот совет да се носат со квалификувано мнозинство.

Исклучок да има само  во случај на уставните одлуки, како на пример, менувањето на ЕУ договор, или кога ќе се одлучува да се прими нова членка, односно кога ќе се ратификува спогодбата за пристапување на една ( или неколку) земји.

Најважното  за земјите од Западен Балкан е тоа  – преговарачкиот процес, според предлогот, да се одвива БЕЗ СТАВАЊЕ ВЕТО , а одлуките да се носат со квалификувано мнозинство. На тој начин, се смета дека силно се забрзува процесот на проширување.

Во објаснувањето  на реформата се вели дека целата работа треба да биде завршена до 2030 година, за да се поврати кредибилитетот на ЕУ, пред се во земјите од Западен Балкан, каде довербата во Брисел и во Унијата е нарушена со долгото развлекување на процесот за проширување.

Исполнување на критериумите

Од друга страна,  земјите претенденти за влез, од своја страна , треба да работат за исполнувањето на критериумите за членство, до овој рок. А, тој е даден за сите, што значи дека онаа земја- кандидат која прва ќе ги исполни сите услови- прва ќе стане членка на Унијата.

Париз и Берлин препорачуваат, новото раководство, по избирите за Европскиот Парламент, во мај 2024 година, целосно да му се посвети на реформирањето иа проширувањето како главна стратешка задача.

Сугестија е одржување и на еден Самит на сите кандидати за ЕУ, затоа што на тој начин би можела да се забрза динамиката за влез, при што остануваат истите услови.

Почитување на правото и правната држава, геополитичкиот принцип  за ускладување на надворешната и безбедносната политика со онаа на ЕУ, разрешувањето на сите постоечки конфликти и добрососедството, принципот на дополнителната техничка и финансиска подршка, креирање и обезбедување дополнителен легитимитет.

Буџетското условување како санкција

Правни експерти, кои биле користени при правањето на овој заеднички проект , меѓутоа, предлагаат  уредбата за  буџетско условување , да стане инструмент  за санкции , доколку има кршење на владеењето на правото и воопшто –  повреда на или непочитување на европските вредности.

А, тоа се вистинската демократија, слободните и фер избори, слободата на медиумите и злоупотребата на темелното право- работи со кои сега се соочува ЕУ од 27 членки , во случаи со земјите на Истокот на Европа.

Сето ова налага менување на членот 7 од Договорот на ЕУ (клаузулата за суспензија) на едногласното одлучување , со  нова клаузула- за носење одлуки со четири петини  од членовите на Европскиот совет.

Француско/германскиот проект, исто така, го дефинира и правото на реципроцитет- односно правото на ЕУ во случаи кога една, или повеќе земји членки продолжуваат да го прекршуваат владеењето на правото.

Можност и за исклучување од ЕУ

Во тој случај (за прв пат) се предлага, таа или тие земји, ДА НЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ И НАТАМУ ВО ЕУ. Или што ќе рече да се исклучат од Унијата, што досега не беше предвидено со основните акти на ЕУ.

Што се однесува до  техничкото прилагодување на Европската Унија со над 30 земји, проектот за реформирање не предвидува зголемување на бројот на европратениците. Предвидено е бројот на пратениците  да остане како сега- 751 пратеник, или се размислува  дури таа бројка и да се намали, за што експерти велат дека не е потребно менување на основниот договор на ЕУ.

Меѓутоа, сигурно е дека не ќе може и натаму да остане сегашниот принцип- една земја, еден еврокомесар.

Сугестија (засега) е дури и да се намали бројот на комесарите, а со тоа и на Европската комисија, или пак, да се воведе систем на хиерхија, откако двајца  би делеле ист ресор, а би се ротирале на половина мандат.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе