Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Јужна Кореја: Робот усмрти работник

Јужна Кореја: Робот усмрти работник

Робот во еден склад за храна во Јужна Кореја усмрти човек , откако „се збунил“ па го побркал несреќниот човек со кутиите за храна , каде „паметната “ машината била ангажирана  да помага во работата.

Роботот го има згмечено  работникот кој бил покрај него, додека бил вклучен да управува со преносот на кутиите со храна од  покретната лента, на палетите на кои тие се поставувале. Жртвата  во овој тежок инцидент е човек на 40 годишна возраст кој требало само да ја надгледува работата на роботот.

Роботот го зграпчил човекот

Во еден момент силната железна „рака“ на роботот се „збунила“, па наместо да ја земе  кутијата, го зграпчила човекот, заменувајќи го несреќникот, за кутиите со зеленчук и силно го притиснала за покретната  лента, тешко повредувајќи го.

На несреќниот работник му биле целосно згмечени лицето и градниот дел од телото .

Јужнокорејската агенција Јонхап која јавува за случајот, открива дека тешко повреден, човекот бил префрлен во болница, но таму набргу починал. Тој работел за компанијата-производител на раце за роботот и затоа ја надгледувал неговата работа.

Роботот,сепак,  во никој случај не бил содаден да убива, ниту треба да се означува како „робот-убиец“ каква има во научно-фантастичните стрипови и филмови. Неговата задача била  да им ја олеснува работата на луѓето- наместо нив да ги подигнува тешките кутии ( во кои инаку во време на инцидентот имало пиперки)  и да ги поставува на палети.

Задоцнето тестирање

Убиениот, пак,  имал задача да проверува дали е се во ред со роботот и посебно-дали се исправни сензорите на неговата „рака“ .

Медиумите подоцна имаат откриено дека требало да има тестирање на роботот, затоа што веќе имало проблеми со неговите сензори.

Тоа требало да се направи на два дена пред инцидентот, но од необјаснети причини тоа не се направило. Наместо тоа, несреќниот човек дошол да ја изврши таа работа на денот кога роботот „откажал послушност“ и го нападнал и го усмртил  човекот кој (всушност) водел грижа за него.

Ова не е прв ваков случај во Јужна Кореја за кој се знае во тамошната јавност. Во март оваа година, еден работник , исто така, бил „нападнат“ од роботот со кога работел на иста производна  лента, во една фабрика за автомобили. Но, во тој инцидент, човекот го преживеал нападот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе