Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нов Зеланд се откажува од забрана на пушењето

Нов Зеланд се откажува од забрана на пушењето

Новата влада на Нов Зеланд , веднаш по преземањето на власта, објави дека нема да воведе (целосна) забрана за пушењето,  како што тоа го најави претходниот владин кабинет  на Јасинда Аренд.

Ваквиот изненадувачки потег се објаснува со потребите на   сегашната влада од дополнителни пари за да може да го финансира планираното намалување на даноците, што таа го најави уште во текот на предизборната кампања како своја главна мерка за покренување на домашната економија.

За тоа се потребни дополнителни извори за пополнување на државниот буџет, што според новиот премиер, може да се обезбедат од продажбата на цигари.

Победа на тутунското лоби

Претходната влада донесе и посебен закон за реализација на својот план за драстично и во некои случаи и за целосно блокирање на пушењето, според кој од следната година би требало да се забрани продажбата на цигари на сите кои се родени после 2008 година.

Владата на Аренд се определи на една ваква мерка врз основа на сознанијата добиени од здравствените власти и медицинските истражувања кои покажуваат дека пушењето е главната причина за смрта и за умирањата кои може да се спречат во Нов Зеланд. Усвоениот закон, исто така,  има за цел и да ги спречи младите да ја развијат навиката за  пушење.

Здравствените и медицинските експерти кои силно ги подржуваа сите настојувања на претходната влада во борбата со пушењето и со цигарите, сега остро ја критикуваат првата мерка на новата влада, тврдејќи дека таа претставува победа на тутунската индустрија и на тутунското лоби.

Остро спротивставување на лекарите

„Згрозени сме од првиот чекор на владата, затоа што тоа претставува неверојатен ретрограден чекор кон мерките што со новиот закон беа педвидени, а кои наидоа на силна глобална подршка од здравствените експерти“- изјавил за Би-Би-Си, Ричард Едвардс , универзитетски истражувач за контролата на тутунот и експерт на новозеландското јавно здравство.

Мнозинството од домашните лекари и здравствени групи во оваа островска држава остро ја осудуваат новата влада за одлуката да го суспендира донесениот закон и бараат од неа да ја повлече својата одлука.

Донесениот закон, инаку , наиде на голема подршка во меѓународната јавност и кај медицинскиот свет, па тие настојуваа да го афирмираат , истакнувајќи ја големата улога која ја има Нов Зеланд со планот  да стане првата земја во светот каде пушењето ќе биде сведено на минимум.

Особено што законот предвидува и ограничување на бројот на продавачите на цигари, како и намалување на нивото на никотин во цигарите.

Експертска проценка е дека ваквиот закон за забрана на пушењето би помогнал во Нов Зеланд  да се спасат животите на пет илјади лица. И тоа секоја година.

Премиерот го брани големиот бизнис

Меѓутоа, иако беше пофалувана политиката на претходната влада за заштита на јавното здравје и на животите на населението, определбата за претворање на земјата во своевидна зона без пушење, некои деловни групи силно се спротивставуваа на мерките од законот.

Пред се, сопствениците на трафиките и на продавниците во кои се продаваа и цигари и тутун, беа против законот на Аренд , иако тој предвдуваше и субвенции, Според нив, тие нема да бидат доволни за да се надополни загубата од продавањето цигари.

На страната на противниците на законот сега е и новиот премиер Крис Луксон кој тврди дека ваквиот закон ќе предизвика контра-ситуација, односно ќе го покрене црниот пазар кој и сега егзистира. Неговите противници, пак,  велат дека тој и самиот е бизнисмен, па затоа ги брани интересите на големиот бизнис.

Во Нов Зеланд пуши осум отсто од домашното население. План на претходната влада е до 2025 година тој процент да се намали на само пет отсто. Планот велат не се менува, но ексертите оценуваат дека тоа нема да се постигне доколку новата влада остане на тоа да се откаѓе од целосната забрана за пушење за цела една категорија од населението.

(И.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе