Расправија на Софија и Москва околу ОБСЕ
Официјална Софија и Москва се најдоа во силна расправија околу летот на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров до Скопје, за да учествува во работата на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Руската страна реагираше налутено при слетувањето на специјалниот авион на скопскиот аеродром, затоа што летот од Москва до главниот град на Северна Македонија траел цели пет, часови, после поминати над 4000 км. Само затоа што наместо преку територијата на Бугарија, рускиот министер морал да лета по заобиколен пат- преку Турција и Грција, пристигнувајќи доцна во средата навечер во Скопје,
Пет часовен лет на Лавров
Причина за тоа е одлуката на бугарските власти да дозволат прелет преку бугарскиот воздушен простор, на руската делегација, но само за министерот Лавров и другите членови од официјалната делегација во која е и заменик министерот Сергеј Рибаков.
Станува збор за еднократно важечката дозвола за прелет (за конференцијата на ОБСЕ), која според бугарската страна не се однесува и за Марија Захарова, директор на одделението за комуникација и медиуми (портпарол) на руското МНР.
Во образложението на Софија се вели дека Захарова е на листата на санкционирани лица од страна на ЕУ. На тоа од руската страна визврати со изјава дека станува за „несватливо, нечено и дрско однесување“.
Бугарското министерство на чие чело е Марија Габриел, која исто така е на конференцијата во Скопје, меѓутоа, остана на ставот што го има соопштено уште во понеделникот, кога Софаија се согласи да го прифати барањето на македонското МНР, да го „отвори својот воздушен прстор“ за авионот со рускиот министер.
Тогаш од Софија, според „Евроњуз“ , соопштија дека го прифаќаат барањето на Скопје, но дадената дозвола „ се однесува само за рускиот минстер за надворешни работи“.
Дозвола за прелет само за министерот
Прашање за руската страна е што бара портпаролката на Лавров на конференцијата на која ниту еден министер, вклучувајќи го и американскиот држаен секретар Ентони Блинкен, не носат со себе портпароли. Ако треба да реагираат тие тоа го прават од министерствата во своите земји.
Има мислење дека таа треба биде врска на Лавров за правањето договори за средби со други министри за што тој се пофали уште во Москва- дека ќе има многу работа во Скопје- каде има договорено билатерални средби.
Се смета дека тоа би можеле да бидат Србија и Унгарија, како можеби и Словачка, а Захарова често знае да ја надмине својата основна функција, па да дели лекции на странски земји, заменувајќи го во „кавгите“ Лавров кој, секако, ја има овластено даго прави тоа.
Колку за потсетување, Захарова има престојувано и во Унгарија, а и во Србија, како гостин на сегашниот министер за надворешни работи (Ивица Дачиќ) во време кога Белград успеа во Хашим Тачи ( тогаш претседател на Косово) да најде соговорник за поделба на Косово, со некаква нејасна размена на територии, меѓу двете држави.
На тоа се спротивставија земјите во регионот, како и ЕУ, а прва Германија, како и Велика Британија, но тоа му се допадна на Доналд Трамп, по што поранешниот претседател на САД стана „добар за Србија“.
Ослободување од русофилството?
Кога станувза збор за Бугарија, сегашната власт во Софија, која е силно прозападна и проевропска, за прв пат вистински ослободена од русофилството и приказните за „братска дружба“ и за „историските врски“ на Русија со Бугарија, која ја има ослободено од отоманската власт, има многу причини да не им верува на Москва и на Лавров.
Пред се, затоа што од таму подолжуваат да работат на ја поткопување на внатрешната стабилност, откако еднаш , со помош на домашните русофили, ја соборија владата на Кирил Петков кига тој беше беше решен да им стави крај на балканските националистички игри.
Во тие игри се вклучени покрај Кремљ и шефот на руската дипломатија и неговите соработници, кои сега се во Скопје. Меѓу нив е и Захарова, на која проевриоејците во Софија не и забораваат за нејзината јавна пресметка ( преку изјавите одобрени од Лавров) со сите во Софија кои не сакаат и натаму да бидат руски сателит.
Се до последната расправија меѓу двете страни- за одлуката на Софија да воведе екстра такса за рускиот гас што минува низ бугарска територија, наменет за Србија и Унгарија. Целта на овој потег е поскапување на гасот за да и се наштети на руската економија која е во функција на војната.