Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Молдавија-следната жртва на Русија ?

Молдавија-следната жртва на Русија ?

Студениот и арогантен Сергеј Лавров кој во Скопје, на годишната министерска конференција на ОБСЕ, настојуваше да им покаже на сите другите дека нему и на негивата земја никој ништо не им може , односно дека Русија ќе продолжи да дејствува против мирот и безбедноиста во Европа, само во еден момент ја загуби контролата врз нервите- кога грубо реагираше кон другите министри- барајќи да го остават на мир.

Во моментот кога во своето излагање зборуваше за ситуацијата во и околу ОБСЕ- обвинувајќи ги според стариот терк на Москва-  Западот, НАТО и сега и ЕУ, за сите „зла на светот“, тој отворено и се закани на Молдавија, независна и суверена држава и членка на ОБСЕ  – дека е „следната жртва“.

Го рече тоа среде  бруталната руска агресија и војната во Украина за која Лавров тврди дека ја предизвикале Украинците- по наговор на Западот.

Отворена закана од Лавров

Во Скопје, рускиот минстер за надворешни работи изјаи дека – Молдавија се довела самата себе си во опасност , со својата желба да и се приклучи на ЕУ.

Една ваква изјава , дадена на конференција на ОБСЕ- организација за мир и безбедност на континентот- предизвика гласна реакција и силен жагород страна  на другите министри во салата, на што Лавров реагираше грубо, во својот стил- „а можете ли да ме оставите на мир“!

Колку за потсетување- во јуни минатата година, ЕУ и понуди на Модавија подршка, доделувајќи и статус на земја-кандидат. Таа подршка беше потврдена и во март годинава. Во Скопје, меѓутоа, рускиот „дипломат на војната“  се повикуваше на еден ( од Русија понуден меморандум) кој според него – „можел да ја разреши ситуацијата во оваа земја“- поранешна советска република.

Станува збор за т.н. Козак меморандум од 2003 година, кој не го прифатил тогашниот молдавски претседател Владимир Вороњин- иако рускиот министер за тоа ги обвинува  НАТО, Западот и ЕУ. Затоа, според Лавров  – на Молдавија (сега) и е судено да биде „следната жртва на хибридната војна“  против Русија што  ја покренал Западот.

Отцепеното Придњестровје

Козак меморандумот е руски план кој требало да ги разреши односите меѓу Молдавија и отцепената молдавска област Придњестровје. Тоа е тесен регион сместен по должината на реката Дњепар и границата со Украина, што уште во 1991 година, се отцепи, а од тогаш Москва го подржува, затоа што таму( наводно) имало руско население кое не сакало да живее под контрола на власта во Кишењев.

Тоа е истата  техника за покривање на руската агресивна политика, која Кремљ ја има  применето и на два пати во Грузија, а сега и во Украина, освојувајќи ги Крим, а потоа и Донбас,  затоа што тамошното „руско население не сака да живее со Украинците“. Наоѓајќи изговор за извршените анексии на странски територии , операции кои самоволно се означуваат како  – „заштита на руското население“.

Придњестровје не е анектирана територија, ниту признаена како независна држава, но Русите таму имаат илјада војници, регионот е претворен во шверцерска база за криумчарење оружје  во него владта во Кипењев нема никаква контрола, а од Москва се погласно се закануваат дека секој обид за менување на ваквата состојба ќе значи – напад врз Русија.

Три децении непријателство

Веднаш по изречената закана на Лавров за тоа дека може да и се случи она што и се случува на Украина,  остро реагираше молдавското МНР , оценувајќи дека таа е дел од низата непријателски акции на Русија кон Молдавија во изминатите 30 години- само затоа што земјата не сака да остане вечно сателит на Москва, туку целосно да се сврти кон Западот, односно кон ЕУ.

Од Кишењев порачуваат дека добро е што Лавров беше во Скопје , на конференцијата на ОБСЕ за да може  од прва рака да ја слушне пораката на Молдавија за нејзината (европска) иднина. Порачувајќи им  притоа на рускиот министер и на Кремљ дека – „повеќе од било кога досега, Молдавија е определена на својот европски пат“ и барајќи од Москва да се повлече од Придњестровје и  од молдавската територија.

Ваквата реакција доаѓа по последната остра руска реакција против Молдавија, откако на 24 ноември Москва и се закани на владата во Кишењев дека ќе се одмаздува, затоа што и оваа земја се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија за инвазијата и војната во Украина.

Заканата станува алармантна

Официјален  Киев, иако не присуствуваше на конференцијата во  Скопје, реагираше веднаш на заканите на Лавров. Според нив, Русија покажува каква е и не сокрива  дека нејзината агресивна политика нема да застане само на Украина, сугерирајќи и на меѓународната заедница дека Москва мора на секаков начин да се запре.

Во Киев велат дека Русија е целосно против политиката и против принципите на ОБСЕ, па затоа украинската страна смета дека за ОБСЕ сега има две опции.

Едната е да се исклучи Русија од оваа организација, посветена на мирот и мирната соработка меѓу државите во Европа, затоа што Москва дејствува и против мирот и против коегсистенцијата. Другата опција е да се остави Русија за да продолжи да ги блокира сите потези на ОБСЕ, на тој начин делувајќи на растурањето на организацијата.

На таа линија е реакцијата и на американскиот професор и политички експерт Михаил Троицки од Универзитетот во Висконсин. Според него, изјавите на Лавров во Скопје и настрвеноста кон НАТО, веќе стануваат и алармантна, бидејќи за Русија сега закана е и членството во ЕУ.

Впрочем, така се почна и со уништувањето  на Украина- кога оваа земја постигна договор за економска соработка со ЕУ, за што остро се противеше Москва.

(С.Г.)

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе