Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија: Се намалува подршката на војната

Русија: Се намалува подршката на војната

Подршката на војната во руската јавност забрзано се намалува и сега веќе е на рекордно ниско ниво , во изминатите 20 месеци од почетокот на инвазијата врз Украина- покажува истражувањето на една независна руска агенција.

Бројот на Русите кои кои целосно ја подржуваат војната е преполовен, спореден со феруари оваа година.

Анкетата открива дека оние кои сакаат мир, сега се далеку побројни од оние кои заговараат продолжување со агресијата врз соседна Украина. Односно,  во руската јавност се менува расположението кон „специјалната воена операција“ на тој начин што повеќето од Русите  подржуваат повлекување на руските војници, во споредба со оние кои се противат на тоа.

Затвор за -„не на војната“

Странски аналитичари сметаат дека овие сознанија, иако јавно не се коментира расположението кон војната, го загрижуваат Кремљ затоа што доаѓаат пред изборите во следната година, на кои Владимир Путин очекува уште еднаш да победи, за уште еден претседателски мандат.

Како што се очекува, главните теми и прашања во изборната кампања треба да бидат внатрешната стабилност на Русија и критикувањето и пресметката со Западот, што ќе биде обвинуван  за состојбата во која се наоѓа земјата. Има аналитичари кои веруваат дека војната можеби воопшто нема  да не се споменува. Посебно, не кога се знаат овие сознанија од анкетата.

Аналитичарите на  истражувањето, пак, сметаат дека Русија е навистина во тешкотии. Тоа  предизвика властите да го криминализираат секое критикување на војната. Стотици луѓе се казнети и успасени и осудени на затворски казни за тоа.

Деновиве, еден московски тинејџер беше казнет со десет дена затвор,  само затоа што на снегот во еден парк, напишал со прст- „не на војната“. Некој го видел и го пријавил на полицијата.

Про-воената пропаганда без ефект

Од друга страна, власта потроши и понатаму троши многу милијарди пари, за про-воената пропаганда. Тоа од друга страна значи, дека сето тоа не дава резултата, но и дека не ја одразува вистинската состојба. Излегува дека реалноста на ситуацијата во Русија е поинаква.

Заклучокот на истражувачкиот тим, затоа, е дека  сознанијата што ги има добиено оваа независна агенција – вистински ја отсликуваат состојбата со расположението во руската јавност.

Така, бројот на оние кои од почетокот силно ја подржуваа војната против Украина  и кои сметаат дека инвазијата треба да продолжи , се додека Русија не ги исполни целите за кои е почната целата „операција“, во февруари годинава била намалена за 22, а во  октомври  за 12 отсто.

Над 40 отсто се за повлекување

Сега се знае дека 40 отод од анекираните подржуваат повлекување од Украина – без Русија да ги исполни своите цели. Овој процент се има одржано во текот на целата оваа година. Други 33 отсто, се против тоа Русија да излезе од војната, иако и овој процент забрзано се намалува.

Во февруари, на годишнината од инвазијата, така мислеле 47 отсто. Во јули , меѓутоа, ваквата позиција во руската јавност се намалила на помалку од 39 отсто.

Една од причините за ваквата промена на расположенито кон инвазијата и кон војната е загриженоста на обичните луѓе за иднината- на земјата и својата- особено што текот на инвазијата  ни од далеку не оди како што  првично беше замислено.

Замислена да трае најмногу неколку недели, оваа „специјална операција“ се развлече и веќе сега трае 20 месеци- без видливи назнаки дека може брзо да заврши.

Значително зголемен воен буџет

Освен тоа, дури 44 отсто од анкетираните одговориле и за економската состојба во нивните семејства, признавајќи дека од инвазијата, па до сега, им се намалиле семејните приходи, како и дека воените услови во кои живее Русија сериозно влијаат врз стандардот на (поголемиот дел) од луѓето.

Конечно, анкетата откри дека над 50 отсто од учесниците во истрагата признале дека сега сега страдаат од депресија. На самиот почеток на инвазијата тој процент изнесувал поф една третина.

Резултатите од анкетата се појавуваат во време кога Владимир Путин најави ново, силно зголемување на воениот буџет на Русија. Цели 30 отсто од буџетот на државата според барањето на рускиот претседател директно  од државниот буџет ќе се префрла за армиските сили.

(Е.Н,)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе