Парламентарка лажела за набавката на корона маските
Една британска парламентарка, член на Горниот дом на Парламентот, призна дека во повеќе наврати ја излажала домашната јавност, негирајќи дека е директно поврзама со компанијата која добила вносен бизнис од британската влада за набавка на заштитни маски и на специјална заштитна облека, во време на борбата против пандемијата со корона вирусот.
Пратеничката Мишел Моан сега тврди дека „погрешила многу“ што негирала дека нема никаква врски со компанијата Медпро , иако врската постоела преку нејзиниот сопрг. Во тоа време, таа не само што енергично го демантирала тврдењето на лондонските медиум, туку и им се заканувала со тужби, затоа што – „ ја клеветат и ја обвинуваат без основа“.
Богата заработка од договори со владата
Сега потврдено е тврдењето на весниците, после признанието на нејзиниот сопруг Даг Бароумен дека во времето кога сопругата војувала со медиумите тој бил претседател на конзорциумот во чии рамки се наоѓа и компанијата Медпро.
Станува збор за финансиски фонд кој од зделките со британската влада , во текот на пандемијата има заработено над 76 милиони фунти – нудејќи ги и продавајќи ги ( преку владините договори) на здравствените установи и на граѓаните.
Сега , меѓутоа, и покрај извинувањата до јавноста, Моан продолжува да војува со оние на кои им се извинува. Таа тврди дека заедно со сопругот, всушност, се жртви на еден поширок скандал, за тоа колку пари и на кој начин, владата на тогашниот премиер Борис Џоонсон, има потрошено во борбата со вирусот и со пандемијата.
„Погрешивме што ги лажевме медиумите, дека во зделките на владата не сме вмешани, но ние немаме лошо направено, спротивно на законите„- има речено Моан, уште прашувајќи каде таа и сопругот имаат згрешено.
Фирми блиски до ториевците
Според британските медиуми, случајот на оваа парламентарка и нејзинот сопруг- бизнисмен се означуваат како симбол на потрошените повеќе стотици милиони фунти, за кои некои тврдат дека се набрзина „фрлени државни пари“. Затоа што без премногу контрола и очигледно, без никакви тендери- се склучени договори со разни фирми, компании и финансиски конзорциуми за набавка на разната заштитна опрема што во екот на пандемијата се трошеше.
Сегашната британска, ториевска влада на Риши Сунак , кој во времето на пандемијата беше министер за финансии, е изложена на остри критики.
Не се зборува за одговорност околу можните злоупотреби на поединци, туку засега се критикува само тоа што во тоа време некои фирми биле во повластена положба во однос на другите. При тоа и не се сокрива дека како повластени биле компаниите кои вносни владини зделки добивале- не преку тендер- туку само по препорака на политичарите.
Сега се открива дека сите тие биле блиски на владеачката Конзервативна партија.
Истрага за времето на пандемијата
Признанието на брачната двојка Моан/Бароумен доаѓа во време кога од врвот на партијата и на актуелната влада доаѓаат јавни извинувања за потезите направени во текот на пандемијата и остриот карантин што беше ( со задоцнување ) воведен во Британија, во време кога забрзно се зголемуваше бројот на починатите од вирусот.
Претходно, британската влада на Џонсон одбиваше да се приклони на мерките кои ги имаше веќе донесено ЕУ и ги применуваше цела Европа, инсистирајќи на природниот имунитет на луѓето.
Работите забрзано почнаа да се менуваат откако премиерот заболе и беше во болница на интензивна нега, каде според сопственото признание – малку требало да биде една од жртвите на короната. Проценка е дека 250 илјади лица во Британија се жртви на пандемијата.
Извинувањата на Џонсон и потоа и на Сунак, дојдоа во текот на сослушувањето во парламентарните комисии во Вестминстер, но за скандалот познат во Британија како „Партигејт“
Извинување на Џонсон и Сунак
Станува збор за решението на Џонсон да дозволи пијани забави во Даунинг стрит 10, во времето кога Британците беа под најстрог карантин и не смееја да се собираат и во своите домови повеќе од шестмина- и тоа сите членови на најблиското семејство.
На тие забави присуствувал Џонсон , иако претходно тврдеше дека не бил таму. Призна дека „згрешил“ откако се појави како присуствува на една од забавите со чашка во раката. Згора на се- тоа се случувало во време на жалост- за смрта на сопругот на тогашната кралица Елизабета, принцот Филип.
Риши Сунак исто така мораше да се извини затоа што се покажа дека и тој се забавувал со другите од владината администрација и кабинетот на премиерот, во дворот на службената резиденција, во центарот на Лондон.
Оставка од премиерската функција и од лидерската позиција во партијата, Борис Џонсон поднесе за лажното сведочење пред пратениците во Парламентот , а од кабинетот во Даунинг стрит 10 мораа да си заминат неколку вработени советнички на тогашниот премиер.
(Д.Л.)