Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Банкротира адвокатот на Доналд Трамп

Банкротира адвокатот на Доналд Трамп

Рудолф ( Руди) Џулијани, американски адвокат, поранешен градоначалник на Њујорк и советник и адвокат на Доналд Трамп, за Американците банкротира како правник и човек кога ги подржа неосновните и не докажани тврдење дека претседателските избори во САД, во 2020 година, биле наместени.

Сега, три години од тогаш, банкротиртира и финансиски. Самиот го објави своето финансиско пропаѓање откривајќи дека за тоа има поднесено барање до судот за банкротства.

Соопштението за банкротство доаѓа само неколку денови по судската пресуда, со која Џулијани мора да плати 148 милиони долари отшета  на активистки- членови на изборната комисија во сојузната држава Џорџија.

Вината на Руди Џулијани

Судот утврди дека некогаш угледниот адвокат, лажно ги има обвинето жените дека во текот на броењето на  гласовите- намерно- помогнале да се „намести резултатот од гласањето“- за да победи Џо Бајден, а не неговиот штитеник Трамп.

Уште во текот на читањето на пресудата, правните застапници на Џулијани имаат изјавено дека тој не може да ја плати одредената казна , затоа што располага со личен капитал и богатсво од 50 милиони долари.

Руди Џулијани беше „десната рака“ на Трамп  во текот на мандатот на најконтроверзниот американски претседател досега, а особено во текот на сериозната политичка криза , што тој самиот ја предизвика и ја одржуваше, упорно тврдејќи дека изборите биле наместени, односно дека тој  е победникот. Иако  токму Бајден освои досега најголем број народни гласови.

Адвокатот поддржува пуч

Кризата доби драматични размери кога Трамп објави дека нема да ја предаде власта, негирајќи ја на тој начин, изборната волја на Американците. Тоа практично значеше дека Трамп и малата група  нему најлојални советници ( меѓу нив и Џулијани) подготвуваат пуч, што почна да се развива кога претседателот на заминување ги повика на протести во Вашингтон своите приврзеници.

Собрани на Капитол Хил, тие имаа задача по секоја цена да спречат Конгресот и Сенатот да ја верификуваат изборната победа на новиот претседател, за да може да биде инаугуриран на функцијата. Толпа ултрадесничари, расисти и приврзеници на “белата супремација“, многу од нив со криминални дисијеа , упаднаа во зградата на Конгресот на САД , настојувајчи да се пресметаат со демократските политичари.

Во неколкучасовните немири и дивеењето на трамповите „бранители на демократијата“, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец од обезбедувањето на Конгресот.

Џулијани во тие моменти беше и остана, заговорник на приказните на Трамп- дека имало заговор против поразениот претседател, како и тоа дека „изборите во 2020 година биле фалсификувани. Според Џулијани, „изборната измама“ била изведена со помош на специјалните машини кои ги бројат гласовите на изборите во САД.

Од обвинител до заговорник

Американските медиуми кои ја подржуваа тезата за заговор, обвинувајќи ги машините за броење, подоцна мораа да платата огромни отштети на компанијата прозиводител за лаѓните изјави и за клеветењето , никогаш н нудејќи било каков доказ за тоа.

Како и да е, ваквото клеветење и обвинувањата без основа, сега го чинат Џулијани банкротство.

За да собере пари за плаќање на казната, тој итно ги продава куќата и станот на Менхетен во Њујорк, но агенциите за недвижнини открија дека пазарот ја намалува нивната цена, на некој начин, казнувајќи го за неговото неразумно однесување- да го тера Трамп да ги прави сите негови незаконски постапки.

Руди Џулијани беше државен обвинител за областа Менхетен, кога се истакна како борец против организираниот криминал во Њујорк. Тоа му помогна да биде избран за градоначалник меѓу 1994 и 2001 година.

„Гласови за промена на резултатот“

Едно време, имаше и политички амбиции- да биде првиот американски Италијанец кој влегол во Белата куќа. Но , никогаш не успеа да ја добие наклонетоста на републикнците  за да може да се номинира.

Во 2015  година стана сојузник на Трамп, а потоа  негов советник, па на крајот и адвокат. Притоа, целосно подржувајќи ги тврдењата на Трамп, за некаков заговор и за изнорна измама. Тоа го доведе Џулијани да биде осуден за – клевета и за лажно обвинување- против двете жени од Џорџија, членови на комисијата за броење на гласовите.

Самиот Трамп, исто така, се соочува со низа обвинувања меѓу кои и за  тоа дека сакал да ги поништи изборите. Со обвинувања се соочени и други негови советници и подржувачи од Републиканската партија кои се теретат за- фалсификување и за рекет.

Силен доказ е телефонското јавување на Трамп до претседателот на изборната комисија во Џорџија, во кој претседателот на заминување- бара „да се најдат доволно гласови  за да се промени изборниот резултат“  во оваа сојузна држава во која победи Бајден со тесно мнозинство.

(В.А.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе