Авионот задржан во Франција слета во Индија
Авионот Ербас А340 со околу 300 патници и членови на екипажот, што во четвртокот беше присилно задржан во Франција, под сомнение дека се користи за шверц на луѓе , во вторникот слета во Индија, на аеродромот во Мумбај.
Во авионот, сопственост на малата романска чартер компанија „Легенд Ервејс“, сите патници биле индиски државјани кои како гастарбајтери работеле и престојувале во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Леталото било изнајмено за лет од ОАЕ до Никарагва, во Средна Америка.
Таинствен лет од Емирати за Никарагва
Инцидентот се случил на аеродромот Ватри, во областа Шампањ, 130 км источно од Париз, кога авионот што побарал и добил дозвола за да слетал на овој француски аеродром кој се користи за чартер и карго летови, властите го задржале не дозволувајќи му да го продолжи летот преку Атлантикот.
Наредбата за тоа била издадена од француското обвинителство, откако властите претходни добиле „анонимна“ ( се верува разузнавачка) порака дека во леталото има „жртви на трговијата со луѓе“ . Патниците и екипажот, прво биле неколку часови задржани во авионот, а потоа доведени во холот на аеродромската зграда, каде останале неколку дениво додека не биле испрашани сите патници и екипажот.
Во текот на испрашувањето биле вклучени и луѓе од конзулатот при амбасадата на Индија во Париз. Вкупно 25 лица , меѓу кои и двајца малолетници останале во Франција, откако побарале политички азил, а две лица биле задржани од полицијата , осомничени дека се дел од мрежа која шверцува луѓе. Според медиумски извештаи, подоцна тие биле ослободени- без обвинување.
Трансатлански шверц на луѓе
На аеодромот во Мумбај, сите биле пречекани од имиграцините власти и одново детално сослушувани, но засега никој од нив нема дадено изјава за медиумуе. Она што се знае е дека во изминатите години се повеќе Индијци пристигнуваат во земјите на Латинска Америка, од каде потоа , многу полесно- илегално- по разните шверцерски канали, можат да се префрлат во САД или во Канада.
Излегува дека сите кои биле во авионот имале такви планови, инаку што би барале на еден ваков лет – од богатите Емирати во сиромашната Никарагва, каде нема доволно пари и работа и за нејзиното, локално население, а не за дојденци дури од Индија.
Но, за индиските власти е чудно што дури една третина од патниџите на овој осомничен , шверцерсјки лет биле Индуси од сојузната држава Гуџарат која важи за богата во Индија.
Во секој случај, експерти по меѓународно право предупредуваат дека овој случај открива еден нов момент- за тоа дека задржаниот авион може да биде почеток на покренување нова, трансатланска, илегална мигрантска рута за шверцување и за продавање луѓе.
Романски авион полн со Индијци
„Колку што се знае, ова е прв случај, цел еден авион – заедно со сите патници во него- писилно да биде биде спуштен на земјата , затоа што постоело сомневање дека се користи за трговија со луѓе . Организираниот криминал, навистина, има бујна фантазија “- изјавил за француските медиуми адвокат , специјалист за меѓународно кривично право.
Романската чартер компанија, преку својот правен застапник изјавила дека таа ништо не знае за целиот случај , освен што било откриено оти авионот го има изнајмено лице чиј идентитет не се открива. Тоа лице било одговорно и за верификацијата на личните документи на сите патници.
Француските власти, засега , не навестуваат дали против некого ќе покрене постапка за утврдување кривична одговорност, а ниту открива дали во текот на неколкудневното испитување има добиено некакви сознанија за (можниот) шверц на луѓе од Блискиот Исток за Америка, а да тоа не се Арапи или Муслимани.
Не е познато ниту тоа , зашто авионот наместо во Никарагва, бил пренасочен и слетал во индискиот град Мумбај.