Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Јанша осуден за навредување две новинарки

Јанша осуден за навредување две новинарки

Врховниот суд на Словенија ја отфрли како неоснована жалбата на Јанез Јанша, лидер на словенечата партија СДС и поранешен совенечки премиер , на првостепената пресуда , според која беше прогласен за виновен за навредување на две словенечки новинарки.

Првостепениот суд го осуди Јанша на  три месеци затвор, што веднаш беше заменето со условна казна, како и со  500 евра и плаќање на сите трошоци , што ги имале  двете тужителки, за овој случај.

Одлуката на Врховниот суд доаѓа дури после две години од првичната пресуда, откако осудениот, неговите адвокати, но и судот завлекуваа со случајот против поранешниот премиер.

Двете новинарки го тужеа Јанша за клевета, откако ги има наклеветено во еден твит на социјална мрежа,што подоцна го имаат пренесено повеќе медиуми во Словенија.

Тужба за клевета

Ова не е прв пат поранешниот премиер да се најде во судир со правдата и со судовите. Пред повеќе години Јанша беше осуден на две години затвор ,  затоа што беше инволвиран во илегален шверц на оружје , за паравојските на просторот на поранешна Југославија.

И тој случај се развлекуваше се додека пресудата не стана правосилна , а лидерот на словенечката Социјал-демократска странка , која е со десничарско-националистичка идеологија, мораше да оди во затвор. Не избега никаде во странство, туку ја отслужи казната.

Подоцна, Врховниот суд на Словенија му дозволи да се врати во политиката, па на тој начин учествуваше во изборната трка, а гласачите од десничарскиот блок  обезбедија неговата СДС да има највеќе гласови и преку создавање коалициски блок од  неколку партии, да биде избран и за премиер.

Таен пакт со Белград

Таа функција ја имаше во неколку мандати- во Словенија велат- само преку популизмот, создавајќи од руралните гласачи- придобиени со високите субвенции во аграраот- свои редовни гласачи.

Пред последните избори, кои ги загуби, иако неговата партија одново собра најмногу гласови, се соочи со аферата која беше означена како „словенечки Вотергејт“.

Беше откриено дека словенечката агенција за борба со перењето пари- тајно, но со знаење на владата во која Јанша беше премиер- ги проверувала сметките на лица кои биле означени како потенцијални политички противници- за премерот и неговата СДС.

Ваквата проверка се проширила и врз високи бизнисмени од Србија, а пред се, на сопственикот на независната, проевропска, граѓанска ТВ мрежа Н-1 кој има бизниси и во Словенија, а кој во Белград е „трн во окото“ на српската власт.

Афера словенечки „Вотергејт“

Медиумите потоа „ископаа“ дека имало таен договор на Јанша со српскиот претседател Александар Вучиќ кој овозможил таква илегална проверка на сметките да се прави и во Србија, за оние лица кои се потенцијална закана за Јанша како политичар.

Во Белград биле тајно следени сметките на тогашниот словенечки лидер на опозцијата и познат бизнисмен  Роберт Голоб , кој сега е премиер на Словенија, за кого се знаело дека има свој бизнис и во Србија.

Целта на овој „валкан пакт“  на двајцата десничарски лидери била да се открие нешто нечесно, кај оние кои биле следени преку нивните деловни сметки, за да подоцна тоа се искористи во изборните кампањи во двете земји.

Јанез Јанша беше и остана  силен сојузник и подржувач на Виктор Орбан и на неговите планови за слабење на сегашната демократска, либерална и граѓанска ЕУ и за креирање на некаква „црна алијанса“ од десничари и националисти кои низ популизмот настојуваат да го свртат курсот на  Европа.

Во служба на Орбан

Овој словенечки политичар му  помагаше на Орбан  да се меша ( јавно и тајно) на Западен Балкан, со дисквалифакција на проевропските власти во регионот, преку давање  сомнителни пари од доминантно унгарски извори- пријатели и политички сојузнци на Унгарецот.

Тие беа и се уште се наменети  за медиумите кои ќе и служат на орбановата кауза- финансирајќи гласила ( и во  Македонија) со националистичко-десничарска и антиевропска ориентација- кои во македонскиот случај се под контролата на вмровската  десница.

Непосредно пред божикните празници во Словенија, Јанша предизвика бура во тамошната јавност- барајќи на Словенците да им се раздели оружје- за самоодбрана. Повод за ова беа одражните про-палестински и про-Хамас демонстрации во Љубљана на кои  било барано „уништување на Израел“.

(Љ.С.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе