Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска : Пратеници уапсени во претседателската палата

Полска : Пратеници уапсени во претседателската палата

Полската полиција , во вторникот, упадна во претседателската палата во Варшава , за да уапси двајца пратеници од партијата Права и Праведност, која доскоро беше на власт,инаку обајцата  обвинети за злоупотреба на службената должност.

Полицијата тргна во потрага по нив, за да бидат уапсени,  откако не ги најде на нивните домашни адреси, затоа што во тој момент  биле  во претседателската  палата, каде се покажа дека се криеле од властите.

Станува збор за доскорашниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и за неговиот заменик Мачеј Воншик кои – според ова- излегува дека шефот на државата  Анджеј Дуда  криел  двајца бегалци.

Ескалација на политичката криза

Ова во полскиот главен град предизвика шок во јавноста, но се зема и како знак за  натамошна  ескалација на политичката криза во Полска и на судирот меѓу Дуда и новата полска влада која сега ја предводи Доналд Туск.

Судирот   започна уште  веднаш по октомвриските парламентарни избори на кои десничарската, националистича партија Право и Праведност, после осум годишно владеење беше симната од власт, од за изборите создадената здружена лево-центристичка и  проевропска коалиција .

Дуда, претходно, побрза да му го довери мандатот на стариот премиер, велат, под силен  притисок на  Јарослав Качински , лидер на поразената партија. Промовирајќи при тоа некаква влада на Право и Правдедност, иако се знаеше дека таа нема мнозинство во Парламентот , па затоа е нелегална.

Подоцна, предавајќи му го мандатот на вистинскиот победник- Туск и на неговата коалиција- претседателот  порача дека  ќе прави се што може ( со ставање вето) – да ги блокира амбициозните реформи кои ги најави новиот премиер.

Тоа посебно се однесува на најавите   дека  ќе се тргне во ослободување на Полска од позицијата на заробена држава, во која ја имаат ставено Качински и неговото деспотско владеење, исполнето со  евроскептицизм и  тврд конзервативизам.

Дуда ја попречува правдата

Пред упадот на полицијата во претседателската палата,  Туск го обвини Дуда дека создава хаос во Полска, провоцирајќи политичка и безбедносна нестабилност во земјата.

Премиерот обвини  и дека сокривајќи двајца бегалци, кај себе, наместо тие да бидат во затвор, шефот на државата има прекршено и уставни и законски одредби , врзани со попречувањето да се спроведе правдата. Инсистирајќи притоа дека екс министерот и неговиот заменик се приведени и задржани во затвор, врз основа на судски налог.

Камински од затворот порача дека тој е „политички затвореник“ и дека неговото апсење било „политички мотивирано“, па како што има речено- започнал штрајк со глад. Веднаш по апсењето на двајвата функционери на доскора владеачката партија, неколку стотина активисти и симпатизери на Право и Праведност се собрале пред претседателската палата на протест.

Новиот полски министер за внатрешни работи има изјавено дека нема  политика во апсењето и дека станува збор за почитување на принципот дека сите се еднакви пред законите, односно дека  никој не може да биде привилегуван.

Заробена држава

Владата го обвинува Дуда дека наместо да се постави како претседател на сите граѓани во Полска, тој продолжува  да биде бранител на партијата Право и Прведност од која потекнува и да му служи на нејзиниот лидер кој сака и од позицијата на опозиционер да владее со државата.

Тоа само покажува дека кохабитацијата на шефот на државата и на премиерот, веќе сега станува невозможна, што значи дека оваа земја, важен член на ЕУ, ќе живее и натаму заробена од Право и Праведност-во услови на постојана криза-  се до средината на 2025 година, до кога трае мандатот на актуелниот претседател.

Случајот со овој политичар, инаку, се провлекува со години на ред, уште од 2015 година, кога на само неклолку недели пред тогашните избори и победата на Право и Праведност, Дуда како шеф на државата го помилувал  Камински осуден пред тоа, на две години затвор за манипулации со европските фондови.

Само за да веднаш по тоа биде назначен за министер за внатрешни работи.

Важен човек на претседателот

Полски и европски правни експерти веднаш реагирале дека Дуда не може да помилува осуденик додека казната не стане правосилна , но сега се открива дека Камински е важен ѓшвек на партијата, дека затоа има добивани низа различни функции и задачи.

Во Варшава велат дека затворениот пратеник „ знае многу работи“ , како и дека е човек од доверба на шефот на државата кој затоа има направено првокласен скандал- прекрѓувајќи закони за да му овозможи да се крие во  канцелариите на Дуда.

Владеењето на Право и Праведност и на нивниот моќен лидер Качински кој иако без некоја државничка функција, деспотски владееше со Полска, ќе биде обележано со спорот што оваа земја го имаше со Брисел и со Европската комисија , околу владеењето на правото, целосното почитување на човековите права и слободата на судовите. Најмногу  околу контроверзната реформа на судскиот систем , според која  власта- партијата на Качински-  ќе има надмоќ над судскиот систем и ќе може да ги партизира судовите.

Качински стана сојузник на еден друг источноевропски деспот- Виктор Орбан- во судирањето со Брисел, иако никогаш не отиде толку далеку колку Унгарецот. Тоа траеше се до инвазијата на Русија врз Украина и стравувањето на Варшава за сопствената безбедност.

(В.П,)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе