Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Можно е одлагање на приемот на Србија во ЕУ“

„Можно е одлагање на приемот на Србија во ЕУ“

Брисел нема -формално- да и ја затвори вратата Србија за влез во ЕУ, но можно е тој процес да биде одложен, или дополнително забавен-пишуваат белградски медиуми  повикувајќи се на европски дипломатски извори.

Станува збор за реакција на изјавата на европратеникот од Словенија Клемен Грошељ за тоа дека „постои реална можност, вратата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан, да се затвори за Србија- и тоа мошне брзо“.

Грошељ беше шеф на посматрачката мисија на Европскиот Парламент на српските парламентарни и локални избори од 17 декември. За белградската Н-1 телевизија тој има изјавено дека она што се случуваше на тие избори, сега дури може да се случи и да се истолерира во Брисел, но сигурно е дека кога ќе тргне процесот за забрзано приближување (на регионот) кон ЕУ, Србија нема да биде дел од тоа забрзување.

Главен услов- решение за Косово

Западни дипломати, на кои белградскиот медиум се повикува, имаат речено дека доколку биде прогласено одлагање , или успорување  на европскиот пат, за оваа земја, главната причина за тоа ќе биде неспроведувањето на главниот услов- постигнување решение за Косово кое ќе биде обврзувачко и за двете страни. Тоа засега не е на видело, иако се знае дека треба да стане реалност.

Овој извор смета дека како втората причина за една ваква мерка против Белград би бил „флертот„ со Русија и со Кина, без разлика што на Западот се знае дека тое е и „тактичко однесување“ кое се прави за да му контрира на Брисел и за да се јуначи пред сопствената ( русофилска и антизападна) јавност.

Во ЕУ, меѓутоа,кај некои дипломати има и стравување дека санкционирањето на Србија би можело да биде контрапродуктивно. Во секој слулај, казнувањето со запирање на процесот на евро-интеграцијата би била јасна порака за вината на српскиот претседател и на целиот систем, создаден од  режимот.

Но од друга страна се мисли дека  во тој случај Брисел би го загубил формалниот пристап до српските институции и целосно би ги демотивирал проевропските сили во Србија, кои на овие избори за прв пат се огласија посилно и поенергично од досега.

Блокада на европските фондови ?

Таква дилема постои и околу сугестиите да се казни Србија со нејзиноито суспендирање од користењето на  фондовите на ЕУ.

Оваа казна која ја заговараат повеќе земји членки во Унијата, се покрена после инцидентот во Бањска, на северот од Косово, кога српска паравоена група застрела двајца косовски полицајци, што беше протолкувано како обид на Србија ( во руски стил)  да го отцепи северот на Косово и да го припои кон себе.

Водачот на групата (Милан Радојчиќ), набрзина создаден богаташ и заменик лидер на партијата на косовските Срби, побегна во Србија и против него (велат) била покрената истрага, но тој ниту еден ден не помина во затвор, ниту пак на повидок е негово судење, за најсериозниот инцидент на Косово во последните 20 години, во кои загинаа пет лица.

Се смета дека и  овој случај – на краток рок-  би можело да му помогне на српскиот претседател Александар Вучиќ, за подигање на неговиот рејтинг кај националистичката јавност и за уште посилно врзување за Русија и за Кина.

За подолг рок, меѓутоа, сигурно е дека запирањетоа на парите од европските фондови би било мошне тежок удар за српската економија, преку што силно би бил погодил и српскиот режим.

Казна за фалсификуваните избори

Особено, ако за казнување на земјата, поради сето она што се случување на и околу изборите,  се употреби најтешкото оружје на Европа –  укинувањето  на безвизниот режим (за влез во ЕУ) за државјаните на Србија.

ЕУ е далеку најголемиот трговски партнер на Србија. Од Унијата, од нејзините членки  доаѓаат и најголемиот број инвестиции кои се влезени во српската економија, во која се вработени голем број српски граѓани.

Тоа е сосема различно од приказните на провладините , пропагандни медиуми кои ги величаат врските со Русија и со Кина, создавајќи лажна слика за тоа кој вистински го потикнува и го одржува развојот на земјата.

Политички експерти, во секој случај, сметаат дека Брисел и ЕУ мора да и покажат на Србија и на нејзната власт дека не може да помине неказнета. Не само за Косово, туку  сега и за  за  нечесно спроведените, фалсификувани избори, во кои режимот за свои потреби ( за владеачката партија) ги има користено сите јавни (државни) ресурси- од парите, до пропагандата.

Кавги на Белград со Западот

Оценката е дека Србија не може да биде земјата која би се приклучила на ЕУ, после ваквите избори и сето она што се случуваше пред и за време на изборите, како и по нив, без разлика на позицијата на земјата- како најважната држава во регионот на Западен Балкан.

Како на тоа ќе реагира власта во Белград, останува да се види.

Последното предупредување  од ЕУ доаѓа по грубата и крајно недипломатска реакција на врвот на државата за оценките и острите критики на европските посматрачи на изборите, уште обвинувајќи го Западаот дека потикнува „дестабилизација“ на Србија и ја потикнува ( се уште необединетата опозиција) на правење немири.

Претходно, српскиот претседател околу Косово има речено дека доколку  се бара целосна примена на Охридскиот договор ( а се бара, затоа што српската страна веќе се има согласено) тоа би значело дека ЕУ ја затворило вратата на Србија.

(Д.Б.)

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе