Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Зетот на Орбан гo купува Белград

Зетот на Орбан гo купува Белград

Зетот на Виктор Орбан има купено дури 11 големи деловни згради во Белград. Според локалните медиуми не може да се открие за која цена и колку пари Иштван Гиборц морало да оддели за една ваква зделка, но тврдат дека станува збор за најголемата зделка во ваквиот бизнис, не само во Србија, туку и во регионот.

Ова веднаш покрена цела низа прашања во Белград и во Будимпешта, за обемот на големата српско-унгарска дружба која не  е само политичка, туку и економска, иако се тврди дека е ставена во интерес на владеачките структури во двете соседни земји.

Нетранспарентен бизнис

Во Србија (одново) ја отворија и темата за нетранспарентноста на српската власт кога станува збор за отсуството на тоа како и дали воопшто се спроведува законската обврска за тенедери. Особено што се разбра дека како посредници на Гиборц се имаат јавено пет „фантомски“ српски фирми, во кои медиумите тврдат дека нема ниту еден вработен.

Во Унгарија, пак, се проговори за деспотијата на Орбан и за богатењето на неговото најблиско  семејство и на кругот од неговите најблиски и најдоверливи  пријатели.

Двете страни, исто така, се занимаваат и со моќниот зет на унгарсккиот премиер и со неговата најстара ( и најомилена) ќерка Рахела.

Така и се разбра дека зетот Иштван со години на ред е еден од најмоќните луѓе во Унгарија  кој заедно со ќерката на Орбан поседуваат  големо лично богатство, а тоа според унгарски извори, ги прави најмоќната брачна двојја во оваа, до пред 30 години средно развиена комунистичка држава.

Наместени тендери и владини нарачки

Тиборц ( роден е во 1986 година) е доминантен сопственик на компанијата БДПСТ Груп која се занимава со недвижен имот и сега важи за еден од 25-те најбогати бизнисмени во Унгарија. Неговиот голем и брз успех, меѓутоа, се врзува за Орбан, за блиските роднински врски со семоќниот премиер кој деспотски владее со земјата и за годините, откако во 2010 стана прв пат премиер на Унгарија.

Во Будимпешта се тврди дека зетот се има збогатено преку наместени тендери  и од нарачките и договорите што неговата компанија ги има направено со владата на Орбан.

Велат дека и самата компанија ( во 2015 година)  е создадена со силна помош и подршка на моќната, владеачка и богата партија Фидес која има целосна контрола врз политиката и економијата на земјата.

Ќерката Рахела не заостанува зад сопругот, па се тврди дека таа располага со лично богатство од 110 милиони евра, обинувана за разни финансиски махинации кои се врзуваат за нејзиното име. Сето тоа и овозможува – како ќерка на премиерот-  да се однесува бескруполозно и постојано да прави скандали- одејќи на меѓународни форуми , насатапувајќи притоа како  службен претставник на Унгарија, иако таа нема никаква функција во системот на власта.

За Тиборц и неговите српски бизниси се знае дека тие не се сведуваат само на сега купените 11 деловни згради, затоа што зетот на Орбан подолго време  е присутен во Србија.

Економско- политичко ширење на Западен Балкан

Само благодарејќи на грбот од  таткото на неговата сопруга и на тоа што поради заедничките (лични) интереси на Орбан и Вучиќ, е изградено српско-унгарско стратешко партнерство. Од тоа,   зетот на Унгарецот добива и зделки и обезбедува највисока цена на српска територија- во Војводина каде има бројна унгарска етничка заедница, но и во дугите делови на Србија,

Белградски медиуми посочуваат дека орбановиот зет е вклучен и во обновата на уличното осветлување во низа српски градови. Во малечкото Врање , на пример, за таа цел биле потрошени  четири милиони евра, што се смета за премногу пари , при што една сијалица била наплатена од Унгарците за 650 евра.

Независни новинари во Будимпешта имаат изјавено дека во Унгарија, како дел од ЕУ, се влезени над 100 милијарди евра- од европските развојни фондови и како странски инвестиции, но од времето на Орбан и неговиот режим, големо мнозинство од тој огромен прилив е отиден во приватни раце и кај кругот бизнисмени,  сите блиски на Орбан и на неговиот режим.

Тие пари, потоа, во голем обем, се пласираат – како унгарски- низ  Западен Балкан, каде Виктор Орбан гради некаква своја десничарска, економско-политичка  империја, купувајќи фирми преку кои стекнува контрола врз комуникацискиот и медиумскиот пазар- за заработувачка и за влијание.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе