Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Вонземјаните“ во Перу се само кукли

„Вонземјаните“ во Перу се само кукли

Двете „мумии на вонземјани“ што во октомври беа откриени (случајно) во Перу и предизвикаа  бранување во јавноста во Латинска Америка- се најобична измислица, затоа што потекнуваат од Земјата.

Во штотуку објавената научна истрага и анализата што притоа е направена се тврди дека „двете мали примероци на наводни мумии, не се ништо друго туку најобична измама“. Станува збор за две обични кукли , налик на луѓе- и двете направени од човечки и животински делови- се вели во анализата.

Шака со три прсти

Посебно била изпитувана „шаката со три прста“ за која се верува дека потекнувала од перуанската провинција Наска. Но научниците , после неколку месечно испитување , утврдиле дека шаката нема никаква врска со вонземјански живот, како што тоа се тврдеше, затоа што-едноставно- не станува збор за никакви вонземјани.

„Наводните мумии не се никакви вонземјански суштества. Тоа се кукли направени од коски од оваа Планета, уште меѓусебно поврзани со синтетичко лепило„- изјавил на прес конференција во Лима,  тамошниот археолог Флавио Естрада.

Според него, целата приказна околу „мумиите“ кои потекнуваат од друга планета, е комплетно измислена и подметната во перуанската јавност.

Две фигури , налик на мумифицирани тела, уште облечени  во традиционалната андска облека, беа откриени во магацинскиот простор на ДХЛ на аеродромот во главниот град на Перу, во Лима, во октомври, изминатата година.

Кукли лепени со силикон

Биле сместени во картонска кутија, а локалните медиуми побрзаа да објават дека најдените мумии се на вонземјански суштества, а  дека тоа што биле облечени во облеката на староседелците- Индиоси од областа на Андите, требало да потврди дека тие во Перу се дојдени од некоја друга планета.

Приазната од Перу се појави еден месец по „откритието“ во Мексико, на еден тамошен новинар, инаку длабоко убеден дека воземјаните постојат и дека во еден „бран веќе ја посетиле Земјата“.

Тој исто така зборуваше за две вонземјански мумифицирани тела, но мексиканските научници брзо го прогласија неговото „откритии“ за – најобична измама, иако новинарот успеа да се избори за своето откритие да зборува и во мексиканскиот Конгрес.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе