Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Кралот Чарлс и Кејт Мидлтон во болница

Кралот Чарлс и Кејт Мидлтон во болница

Британскиот крал Чарлс Трети – неочекувано за домашната јавност-  е префрлен во болница, за да се изврши хирушка интервенција на простатата, во исто време кога од Бакингамската палата беше соопштено дека неговата снаа, принцезта од Велс (Кејт Мидлтон), се наоѓа во една лондонска приватна болница- каде веќе  била оперирана- во пределот на  стомакот.

Според британските медиуми , популарната принцеза – сопруга на престолонаследникот Вилијам- ќе мора да остане во болница на постоперативно опоравување и лекување- барем две недели- но засега не се открива која е причината за итната хирушка интервенција. Освен што се вели дека не станува збор за никакво канцерогено ззболување.

Рутинска интервенција

Чарлс кој пред два месеци наполни 75 години, имал проблеми со простатата, што медиумите ја опишуваат како „најраспространето машко заболување“ за мажите после 50 годишна возраст. Неговата операција се означува како „рутинска“ и се посочува  дека станува збор за „бенигно зголемување на неговата простата“. Што ќе рече дека пациентот не се соочува со ризикот за развој на канцер.

Британскиот Би-Би-Си , сепак,  не открива повеќе детали за тоа што (крајно невообичаено за Британија ) двајца високо поставени личности од кралското семејство, од кои едниот е британскиот суверен- наеднаш- се најдоа во болница- за да бидат оперирани.

Јавниот сервис само забележува дека сето ова доаѓа неочекувано и како изненадување.

Неочекувана ситуација

Кралот и принцезта  Кетрин беа заедно во Сандригам, на традиционалното појавување во јавноста, по повод англиканскиот Божик, пред три недели. Овој медиум забележува дека ништо тогаш не навестуваше дека за 21 ден обајцата ќе се најдат на маса за хирушки интервенции.

Претпоставка е дека операцијата врз кралот била планирана, но дека случајот со Кејт Мидлтон е „нешто што барало итно да се интервенира’. Таа е родена во 1982 година. Со Вилијам се заедно од 2001 година, освен периодот  кога беше соопштено дека не се заедно.

Во 2010 година Кејт и Вилијам се свршија, а во април 2011 година се венчаа. Имаат три деца.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе