Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Социјалните мрежи опасни за јавното здравје“

„Социјалните мрежи опасни за јавното здравје“

Најголемиот американски град Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за – „опасни за јавното здравје“ и на тој начин стана првиот поголем град во САД кој се одлучи на еден ваков чекор.

„Гледајќи опасност во социјалните мрежи и она што тие  претставуваат за младите луѓе, како и за менталното здравје воопшто, комесарот за здравство  и за ментална хигиена на градот Њујорк др. Ашван Васан издаде упатство од страна на комесаријатот дека – непопречуваниот пристап до социјалните мрежи и таквото нивно користење, се  -опасни за јавното здравје на луѓето“- објави градоначалникот на градот Ерик Адамс, во своето годишно обраќање.

Заштита на младите

Станува збор за потег на локалната власт  и за мерка која- практично- се изедначува со од порано донесеноти упатство за опасноста за јавното здравје што ја имаат тутунот и пушењето, како и огненото оружје .

Градоначалникот Адамс ги повика компаниите кои ги поседуваат социјалните мрежи да направат се што тие можат да направат за да – не се потикнува криза во менталното здравје- а посебно меѓу младите генерации.

„Социјалните мрежи како што се ТикТок, потоа Јутјуб или Фејсбук сега потикнуваат криза на менталното здравје , на тој начин што ги дизајнираат своите платформи со вистински заразни , но и опасни функци„- рекол Адамс.

„Бизнис за сметка на здравјето“

Според него, не смее повеќе да се дозволи и да се толерира – „останувањето настрана ( без да се реагира) , зз да им се дозволи  на големите технолошки компании да прават пари со приватноста на децата и да го загрозуваат нивното ментално здравје“.

Одлуката на властите во десетмилионскиот Њујорк  е првата ваква мерка за ставање  на социјалните мрежи под некаква контрола.

Но, во САД, како и во Европа веќе се засилува  притисокот врз компаниите- чии сопственици се меѓу десетмината најбогати луѓе во светот- да се натераат за воведување на разни ограничувања и мерки за заштита на корисниците од она што платформите го прават- против менталното јавно здравје.

Признание на Цукерберг

Фејсбук и Инстаграм веќе најавија воведувања ограничувања за пристап на одредени содржани за адолесценти , за да се промовира безбедна и соодветна програма за нивната возраст.

Пребарувањето на одреденеи зборови, како што се – самоповредување, самоубиство, пореметување во исхраната, или булимија – нема да може да се отвараат за адолесценти. Новата конфигурација , исто така, го ограничува и пристапот  за други корисници- означени како пријатели, потоа како испратени налози, како и можноста  да се коментираат поставените пораки.

Изминатата есен, самиот сопственик на компанијата Мета,  Марк Цукерберг призна дека има направено грешки со Фејсбук и со Инстаграм. Фејсбук во меѓувреме најави воведување важна опција за заштита на приватноста- Месинџер на оваа социјална мрежа станува како WhatsApp.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе