Легализација на канабисот во Германија
Од почетокот на април, канабисот во Германија се легализира, што се случува за прв пат после 40 години, во кои беше забрането неговото користење и одгледување.
Според германските медиуми, договор за легализација е постигнат после долгите преговори меѓу партиите-партнери на владеачката коалиција кои во последната фаза , експерти – здравствени и правни- се имаат спогодено за сите детали врзани за легализацијата.
Се јавува дека раководителите на посебно определените работни групи , задолжени за политиката со дрогите, имаат оценето дека законот може да стапи во сила на 1 април.
„Засилена превенција и заштита“
Во одлуката се вели дека со новите законски прописи, во Германија се прави вистинска прествртница, кога станува збор за ова прашање и во современата политика, кога станува збор за дрогата, со која се тврди дека се зајакнува превенцијата и се унапредува здравјето, како и заштитата на младите и децата.
Изготвениот закон сега треба да биде усвоен во германскиот Парламент- Бундестагот, во текот на овој месец.
Домашните аналитичари сметаат дека донесувањето на законот е сосема сигурно, затоа што дури и некои пратеници од коалицискиот, владеачки блок да се спротивстат и да не гласат за него, коалицијата има големо и безбедно мнозинство – дури 49 пратеници повеќе од бројката потребна за да се ообезбеди апсолутно мнозинство.
Повеќе од четири децении, темата за канабисот е забранета да се покренува. Продажбата и одгледувањето беа забрането со закон во текот на седумдесетите и во почетокот на осумдесетите. Сега, меѓутоа, од почетокот на април, канабисот ќе биде тргнат од списокот на забранетите опијати, означени со постоечкиот закон за дроги.
Зауздување на „црниот пазар“
Од овој датум, одгледувањето во домашни услови и негово поседување , ќе биде дозволено за возрасни лица. Колектвното одгледување се најавува дека ќе се дозволи од 1 јули.
Владата смета дека со еден ваков закон , Германија се приближува до некои други земји во Европа и светот кои веќе се имаат определено да го легализираат канабисот- пред се, за медицински и здравствени потреби- бидејќи експерти велат дека се има покажано ефикасен. Освен тоа, се очекува дека со ваквиот закон да се заузда „црниот пазар“ и илегалното продавање и неговото шверцување.
Сите во Германија не мислат така, па јавноста е поделена околу ефикасноста од тоа што канабисот се легализира.
Во Бундестагот, на пример, има пратеници од владеачките социјалдемократи кои не се согласуваат со својата влада околу оваа мерка. Тие стравуваат дека не само што нема да се заузда и да се стави под контрола„црниот пазар“, туку уште повеќе ќе се засили.
Стравување од контра-ефекти
Опозициските демохристијани оценуваат дека зголемената консумација на канабисот би можела да влијае врз безбедноста во сообраќајот. Што ќе рече, се повеќе возачи да возат под дејство на канабисот, онака како што тоа сега се случува да се вози под влијание на алкохолот. Дури и под дејство и на едното и другото, консумирани заедно- без разлика дали ќе постои ограничување во консумирањето- како што постои со алкохолот.
Се предупредува дека легализацијата на канабисот, сепак, нема да ги спречи дилерите да продолжат и натаму да работат, затоа што веќе нема да мораат да се придржуваат на контролата на државата, или да плаќаат данок, како што тоа мора да го прават легалните производители. Приватниците и дилерите ќе можат да го пласираат канабисот поевтино отколку фирмите.
Баварија, затоа, веќе сега најавува дека ќе ги користи сите законски овластувања што ги има – како сојузна држава- да не ги примени сите одредби од законот на својата територија, или да донесе свои, посебни мерки. Такво нешто најавуваат и некои други сојузни германски држави.
(Б.Г.)