Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Дванаесет лаги во 12 твитови“

„Дванаесет лаги во 12 твитови“

Интервјуто со Владимир Путин на  поранешниот новинар на американската телевизија Фокс Такер Карлсон,  кој сега заработува правејќи пропагандни и  платени интервјуа кои се појавуваат на интернет, има предизвикано различни реакции.

Во руската јавност , дури  и онаа блиска на Кремљ, се смета дека шансата која му ја има дадено Американецот на Путин,  не била искористена како што требало. Прокремљовски блогери ги исмеваат Карлсон и неговата сегашна позиција, потсетувајќи  дека тој е набркан од работа, иако важи за мошне близок со Доналд Трамп.

Такер, пак, претходно откри дека го налутило тоа што- „чекал со часови да се појави“ соговорникот. А, како вратка за исмевањето , Карлсон после престојот во Москва и во Кремљ, на Јутјуб има речено и  тоа дека е- „страшно какви луѓе го водат светот и одлучуваат за него“.

Лажен приказ за вистината

За разлика од него, русофилите низ Европа ( и на Балканот) се воодушевуваат од настапот на Путин. Очигледно заслепени во русофилството на кое му робуваат, не гледајќи го во овој случај она што тој го има зборувано во двочасовниот соло- настап.

И во Европа и во Америкс, па дури и во Русија имаат забележано за  бројни, од рака дадени констатации, оценки и над се лажни податоци за работи за кои како шеф на држава , каква е Русија и поранешен оперативец на КГБ, би требало да знае.

Оценка е дека, сепак, не санува збор толку  за незнаење, колку  за лажно прикажување на настани и состојби, за работи врзани за меѓународни односи, за односите на Москва со Западот и посебно со САД, како и за војната која им ја наметна Украинците, но и за историјата.

Дмитри Песков, путиновиот верен и лојален соработник ,  побрза да објасни дека интервјуто не било правено за домашни потреби, туку за светот. За да што е можно повеќе луѓе (на Западот) разберат што мисли и како зборува рускиот претседател кој досега бил само критикуван и осудуван.

„Полска го приморала Хитлер да ја нападне“

После настапот со Такер Карлсон, нема никакви шанси светот- секако оној  кој не е заслепен со русофилијата, или не е  купен за да работи за Москва- да му верува на било што ќе каже, или ќе вети.

Особено откако во најновата своја верзија  за тоа- зашто ја нападнал Украинам а сега- две години- садистички ја уништува, ја поврза , или ја изедначи со 1939 година и со одлуката на Адолф Хитлер и на нацистичка Германија,  да се нападне Полска- по што започна Втората светска војна.

Според Путин, Полска тогаш „го приморала Хитлер да и објави војна затоа што била некооперативна во неговите (хитлеровите) планови“. А, тие планови беа да се истребат полските Словени и Евреи, за да територијата се населува со чистокрвни , ариевски Германци, како во Средниот век.

За еден таков монструозен план Хитлер има измислено „полска провокација“ , за која сега рускиот претседател има разбирање, како единствен во Европа и светот. Само  за да се потврди неговата ( од почетокот на војната) лажна приказна дека „Украина била закана за Русија, затоа што Западот ја вовлекува таа земја во НАТО“.

Приказна која му е потребна за да ја оправда агресија врз една  држава, членка на ОН, на која Русија и ја има гарантирано  територијалната целовитост.

Елаборација на Ходорковски

Зборувајќи за алтернативната историја, во делот на почетокот на што има потрошено близу 40 минути, тој ке рече дека Украина е „вештачки ентитет, создаден на барање на Сталин, односно дека Украиците ,всушност, се Руси, а Украина е Русија.

Вистината  е сосема поинаку- Украина е додадена СССР во 1922 година, за време на Ленин. Но Украинска народна република е создадена во 2017 година, уште пред рериторијата да биде заземена од болшевиците и била признаена од привремената руска влада.

Сите овие и вакви лажни елаборации и лажни истории од интервјуто ,  што ги нуди Путин , на едно место ги има собрано Михаил Ходорковски , поранешен олигарх  кој лажно обвинет помина десет години во затвор, а сега е во прогонство,   посочувајќи ги фактите и вистината.

НАТО ништо нема ветувано

Заглавени се како – 12 лааги и 12 твитови- па ставајќи ги на Икс ( екс Твитер) и на Фејсбук, ги истакнува  само најголемите и највпечатливите. Тука се и измислиците со кои би требало да се сменат европската и советската (руската) историја, како  и сето она што Путин и руската владеачка врхушка во Кремљ го имаат направено пред и по инвазијата врз Украина, или во времето додека тој беше само оперативец на КГБ во Дрезден, во тогашна Источна Германија.

Прво, лажното тврдење дека Запад и ветил  на Москва дека нема ширење н НАТО кон Истокот, бидејќи и Ходорковски потсетува на изјавата на Михаил Горбачов дека за тоа со западните сили  воопшто не се расправало.

Посочувајќи дека доколку Путин , навистина, не сакал ширење на Алијансата,  не требаше да води војни против своите соседи од екс СССР.

Потоа и изјавата дадена  за Такер дека „во НАТО му ветиле оти би можеле да ја признаат руската анексија врз делови од Украина“. Вистината е дека нема такво нешто. ОН ја прогласи анексијата за незаконска, според меѓународното право, што значи дека дури и некој во Алијансата да прифати легализација. НАТО нема право да му се спротвстави на ОН.

Игор Гиркин наспроти Путин

Во ваквите путинови лажни приказни влегува и упорното тврдење на Путин и  неговите дека Украинците ( наводно) се уште се сметаат себе си како Руси, иако анкатета во 2022 година ( уште еднаш) покажа дека 93 отсто од населението на земјата подржува независнист. Само 3 отсто од анкетираните  се изјасниле за спојување со Русија.

Затоа е лага и тоа дека Украина прва го има нападното Донбас. Ходорковски во својата елаборација на лажните тези на Путин , го повиикува да поразговара за тоа со Игор Гиркин кого минатиот месец го осудија на на четири години затвор.

Овој поранешен разузнавач на ФСБ, подоцна и лидер на отцепениот Донецк, сигурно, ќе  го потсети  на 12 април 2014 година. На тој ден Гиркин ги поведе локалните сепаратисти ( со руска подршка)  да го заземат градот Славјанск. Украинската авијација прв пат реагираше на крајот од мај таа година.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе