Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Навални требало да биде разменет

Навални требало да биде разменет

Марта Певчик , активист на Анти-корупциската фондација (АЦФ), што ја има создадено Алексеј Навални, откри дека се воделе преговори за тоа тој да биде разменет за руски осуденик на Западот, малку пред  изненадно да почине во казнениот логор во арктичките делови на Сибир, каде беше пратен да ја издржува казната затвор од 19 години.

Во снимена изјава за рускиот канал Медуза, што се емитува од странство, а потоа ставена на Јутјуб, Певчик тврди дека разговорите, водени во тајност, биле во подмината фаза, кога стигнала веста дека Навални е мртов.

Абрамович како преговарач

„Имам потврда дека преговорите ( за размена) биле скоро завршени и дека доцна попладнето и вечерта на 15 февруари изгледало дека работите  се веќе комплетирани , кога од сибирската, арктичка казнена колонија, другиот ден, на 16 февруари,  стигнала веста дека Алексеј не е жив- убиен од рускиот режим“- има речено оваа активистка на Фондацијата на Навални.

Според овие сознанија, Навални требало да биде разменет за Русинот Вадим Красиков, поранешен оперативиц на руската тајна служба ФСБ. Тој ја издржува казната доживотен затвор  во Германија, каде беше уапсен и осуден за атентатот, извршен врз еден командант на чеченските бунтовници, каде овој, како бегалец од Русија се има населено во Германија.

Медиуми сега  тврдат дека преговорите за размената, со која покрај Навални требало да бидат и двајца американски државјани, затворени во Русија, од руска страна ги водел олигархот Роман Абрамович. Сите тројца требало да бидат разменати за Красиков. Наводно, Путин прво се согласил, но велат дека подоцна, во последен момент, ја има сменето својата одлука.

Путин се предомислува

Руските власти и натаму инсистираат дека Навални починал од срцев удар.

Се пожалил дека не му е добро, за време на секојдневната прошетка  на затворениците во дворот на логорот и веднаш се струполил, без свест. Лекарите на логорот веднаш го имаат прогласено за мртов.

Неговите најблиски од семејството, како и сите негови подржувачи и почитувачи , меѓутоа, не веруваат во оваа службена верзија. Тие  тврдат дека Навални е убиен во казнениот логор, откако на власта тоа не и успеа во 2020 година, кога беше нападнат-отруен со нервниот агенс новичок – за време на неговиот лет од Томск ( во источен Сибир) за Москва.

Тој напад го преживеа само затоа што капетанот на авионот со кој Навални патуваше, одлучи вонредно да слета во Омск, за да му се укаже помош.

Погребот- сепак во тајност

Во верзијата на власта не се верува затоа што освен Навални, десетици други видни Руси  починаа изминатите години на мистериозен начин.

Критичари и противници на режимот на Владимир Путин, како и противници на војната во Украина- умираа еден по друг- главно од „срцев удар“- или според полицијата-  извршувајќи самоубиство, како и во наводен несреќен случај- паѓајки од прозорец, или од балкон во зградите каде живееја, односно каде во тој момент престојувале.

Мртвото тело на Алексеј Навални, конечно, и беше предадено на мајката, дури после една недела од  смрта, откако таа мораше да се согласи дека погребот на синот Навални ќе се одржи во тајност.

Портпаролката на АЦФ , Кира Јармиш,затоа,  има изјавено дека Фондацијата Навални настојува да најде начин како погребот – на некој начин- би имал јавен карактер. Се верува дека ќе се спроведе на 29 февруари.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе