Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Странски влади не може да поседуваат британски весници

Странски влади не може да поседуваат британски весници

Владата на британскиот премиер Риши Сунак соопшти дека ќе биде забрането странски влади да поседуваат, или да имаат под контрола британски весници и списанија.

Таквата реакција на Даунинг стрит 10 доажа по изразената загриженост дека угледниот лондонски „Дејли Телеграф“- после „Тајмс“ вториот најстар весник во Британија- како и списанието „Спектејтор“- гласило на Конзервативната партија- може да се најдат под контрола , односно да бидат во сопственост, на странска инвестицина група, подржана од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Владата и опозицијата на иста линија

Опозицијата, предводена од Лабуристичката партија веднаш реагираше со подршка и согласност на владината позиција, затоа што тоа би значело менување на досегашната пракса. Најавената измена во законската регулатива, со воведување забрана странски влади да ги купуваат домашните весници, че се изведе со додавање амандман на новиот закон за медиумите, кој веќе се наоѓа вп парламентарна процедура.

Според владата, новиот закон ќе овозможи дополнителна заштита за слободата на медиумите, определба што се објаснува со како изнудена реакција, откако – како што се вели- станува се поочигледен зголемениот партиски притисок врз британските медиуми.

Министерот задолжен за медиумите , лорд Паркинсон, има изјавено дека со новиот закон ќе биде исклучена можноста за спојување на весниците и периодичните списанија, со кои е вклучена сопственоста, влијанието и контролата од некоја странска држава.

ОАЕ го купува „Дејли Телеграф“

Овој министер има изјавено дека амандманот на законот, што го најавува владата, се однесува  на дигиталните пазари, на конкуренцијата и на потрошувачите (корисниците) на тие медиуми, каде ќе бидат забранети сите такви трансакции врзани за сопственоста.

Целата оваа (брза реакција) на владата се врзува за очигледното настојување , со новите прописи, да се спречи продавањето на медиумската група „Дејли Телеграф“, на тој начин што новиот закон би се усвоил по забразана постапка.

Инвестицискиот фонд Red Bird IMI од своја страна , настојува да се постигне договор за зделката. Фондот со 75 отсто од акциите е во сопственост на шеикот Мансур, кој е потпретседател на владата и потпретседател на ОАЕ.

Зделката нема да помине?

Шеикот и Фондот се надеваат да ја преземат контролата врз „Дејли Телеграф“ и врз неделникот „Сандеј Телеграф“, заедно со списанието, чиј сегашен концепт (многу е сигурно) дека ќе биде изменет.

Договорот предвидува шеикот да ги покрие и да ги откупи сите долгови на претходниот сопственик на медиумската компанија.

Според Би-Би-Си, кој се повикува на свои извори , повеќе е верјатно дека целата планирана зделка, сепак, ќе пропадне.

Се тврди дека постои големо спротивставување од политичките партии – еден ваков  влијателен весник-  да се најадт во странски раце, и под директна контрола на арапски, државни инвестициски фондови.

Македонската пракса

Сето тоа е сосема различно од ситуацијата во македонскиот медиумски простор. Тој во времето на претходниот вмровски режим, телевизиските станици, весниците ( кои останаа), како и интернет изданијата и бројните портали (со помош и на странски пари), беа  ставени  под директна партиска и владина контрола- за пропаганда.

По губењето на власта, истите тие медиуми, сега со директни странски (унгарски пари), на луѓе сосема блиску до владата на Виктор Орбан , се најдоа во функција на антиевропската и антизападната, националистичка  опозиција во РС Македонија, со која се управува од Будимпешта.

Излегува така, дека со странски  пари, во изминатите седум години се настојува да се собори првата, вистински проевропска влада во Скопје и да се оневозжи нејзиниот напредок за влез на земјата во ЕУ. Примерот од Лондон, затоа, е мошне поучен за тоа како се бранат интересите на државата и како треба да се дејствува за да се биде- вистински патриот.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе