Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Татко на дете – убиец, осуден за ненамерно убиство

Татко на дете – убиец, осуден за ненамерно убиство

Американецот Џејмс Кранбли (47) – татко на детето кое во сојузната држава Мичиген има извршено масовно убиство, е осуден за ненамерно убиство. Станува збор за – како што велат медиумите во САД- историска пресуда, затоа што станува збор за прва ваква пресуда во историјата на американското правосудство.

Момчето- убиец кој во време на извршеното злосторство имал 15 години веќе е осуден на доживотен затвор- без право на условно пуштање од затвор, а во следните триесетина денови се очекува да биде прогласена за виновна и осудена и неговата мајка.

Историска пресуда

Според судот, таткото Кранбли  е виновен затоа што  ја  игнорирал менталната состојба на на својот син, па му купил полуавтоматско оружје – истото со кое синот има убиено четворица свои соученици во едно училиште во државата Мичиген. Тешкиот инцидент се случи во ноември 2021 година.

Целиот случај од почетокот ја привлекува американската јавност, уште од времето кога детето го има извршено маосвното убиство. Сега тој интресе стана уште поголем, затоа што  за прв пат во САД ( каде има бројни вакви вооружени инциденти и убиства) им се суди  на родителите- во својство на обвинети – за злосторството што го извршил нивниот малолетен син.

Итан, син на Џејмс и на Џенифер Кранбли има убиено четворица ученици од  неговото училиште, сите на возраст од 14 до 17 години, додека седум други лица, меѓу кои и соученици, се полесно и потешко повредени.

Одобрување од јавноста во САД

Ваквата пресуда на судот е примена со одобрување од јавноста. Еден од родителите на едно од убиените деца изјавил дека осудувањето на таткото на дете-убиец е првиот чекор во борбата против вооруженото насилство во Америка.

„Можеме да се искачиме на Месецот, или да изградеиме облакодери високи колку една брана за хидроцентрала, а не можеме да се погрижиме , нашите деца  да бидат безбедни во училиште“- изјавил таткото на една 14 годишна жртва во злосторството на нејзиниот 15 годишен соученик.

Обвинителството ги има обвинето двајцата родители дека не презеле ништо за да се спречи ова насилство. Односно да се загрижат за менталната состојба на синот.

Оружјето- подарок од таткото

Затоа, на обајцата им се суди за нивниот- како што е речено- крајно немарен однос кон синот кој се покажа дека имал сериозни проблеми.

Наместо да се погрижат за него и да побараат стручна помош околу тоа, тие дури и не дошле на закажаниот состанок , повикани од  директорот на училиштетето , откако бил најден еден ( според училишниот психолог) загрижувачки цртеж на нивниот син.

Средбата во училиштето требало да се одржи- на денот кога се случило убиството. Таткото и мајката се оправдувале дека биле премногу зафатени со работа,  па детето било вратено на наставата. Притоа никој не знаел  дека во својот ранец има огнено оружје.

Оружјето на детето му било купено и подарено само неколку денови пред да го изврши масовното убиство.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе