Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Во светот има 2781 милијардери

Во светот има 2781 милијардери

Листата на најбогатите луѓе во светот, што ја прави американското списание „Форбс“ покажува дека бројот на милијардери постојано се зголемува, а дека на листата за 2024 година има дури 2781 многу богати- најмногу досега.

Нивното вкупно богатство се проценува на 14,2 билиони долари.

Според анализата на весникот, станува збор за – исклучителна година- затоа што никогаш до сега не се случило, за само една година, да има 141 милијардери повеќе, во споредба со претходната 2023 година. Супер богатите сега поседуваат дури два билиони долари повеќе отколку пред една година.

„Форбс“ открива дека за прв пат се создава и еден посебен клуб на екстра милијардери- 14 луѓе од  листата на најбогатите имаат по 100 милијарди долари, односно 0,5 отсто од сите светски милијардери поседуваат 14 отсто од вкупното богатство.

Најбогат- „кралот “ на луксузот

Прв на листата- веќе втора година по ред е Французинот Бернар Арно, познат како „кралот на луксузот“. Неговото богатство се проценува на 233 милијарди долари- 22 милијарди повеќе од лани.

Арно е побогат за 38 милијарди од второпласираниот на ранг листата Илон Маск, чие богатство е намалено и сега изнесува  195 милијарди, главно поради падот на акциите на електричните возила „Тесла“ и префрлањето на акциите од автомобилите за покривање на Твитер, што Маск го преименува во Икс.

На трета позиција се искачи (одново) Џеф Безос од Амазон, со лично богатство од 194 милијарди долари, а натаму следуваат- Марк Цукерберг чие богатство сега се проценува на 177 милијарди, најмногу благодарејќи на тројно зголемената цена на акциите на компанијата Мета, како и  Лари Елисон од Оракл, кој е рангиран како пети, со богатство од 141 милијарди.

САД со 813 милијардери

Овие двајца ја сочинуваат бројната група со технолошки тајкуни- супер богаташи кои се имаат намножено и кои се побогати од минатата година, поради силната трка за вештачката интелигенција (АИ). Таа предизвика на листата за оваа година да се најдат многумина –  или  како  побогати, или како новајлии меѓу милијардерите.

Во групата од десетемина супер богати се наоѓаат и Ворен Бафет, како шесторангиран, потоа Бил Гејтс, кој е седми, па Лари Пејџ (Гугл) кој е на осмото место и Стив Балмер и Сергеј Брин. Сите овие имаат лично богтство- секој  од по над 120 милијади долари.

САД и натаму е земјата со далеку најмногу милијардери-дури 813 се Американци кои заедни вредат 5,7 билиони долари. Кина  ( заедно со  Хонгконг) е втора, со 473 милијардери , што се смета за добро позиционирање, со оглед на продолжената криза која постои во кинеската економија, додека на трето место е Индија. Најнаселената  земја во светот има 200 милијардери, што е најмногу досега.

Тејлор Свифт, Спилберг и Кардашијан

Жените милијардерки се многу помалубројни во споредба со мажите. Вкупно 369 се на листата на „Форбс“  од 2781 милијардери, или само  13 отсто. Прва и натаму е Франсоаз Бетанкур- Мајерс, наследничка на козметичката фирма Лореал, со безмлку 100 милијарди долари.

Списанието објаснува дека листата и рангирањето на многу богатите е направено според вредноста и цената на акциите , како и на девизната курсна листа на 8 март оваа година.

Така, на листата се има најдено (за прв пат) пејачката ѕвезда Тејлор Свифт, со 1,1 милијарди долари, која на тој начин  се нареди меѓу милјардерите од светот на познатите и на забавата, односно меѓу т.н. „селебрити“ луѓе. Таму  се филмските режисери Џорџ Лукас, Стивен Спилберг и Питер Џексон, потоа кошаркарите- ветерани Меџик Џонсон и Мајкл Џордан, но и тв водителката Опра Винфри, или  реалити ѕвездата  Ким Кардашијан- со лично богатство и на двете од по 1,1 милијарда долари.

Просечна старост на милијардерите е 66 години. Најстариот има 102 години, а најмладиот само 20.Тоа е  една млада Бразилка, наследничка на имотот од нејзиниот дедо.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе