„Нема памет за да биде диктатор“
Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа, во времето на Доналд Трамп , остро го нападна својот поранешен шеф, обвинувајќи го за контроверзните изјави и коментари, околу надворешната политика на САД , дадени како можност доколку одново биде претседател.
За нив се вели дека се давани од рака, но дека се загрижувачки, бидејќи кога би се реализирале би можела да покренат криза во Америка и во светот, а посебно во односите меѓу Вашингтон и западните сојузници во Европа.
Будалести изјави за НАТО
Тоа посебно се однесува на односот на Америка кон НАТО, кој токму овпј месец одбележува 75 години од создавањето , сега како безбедносно-политичка организација со 32 земји членки- безмалку целиот европски континент.
Прво со изјавите дека ќе го „преиспитал американското учество сојузот“ во кој Американците се далеку најдоминантната сила, а потоа со будалестета изјава дека „САД нема да бранат земја која не ги исполнува своите обврски кон Алијансата“- мислејќи на издвојувањето од најмалку два отсто од БНП за одбраната.
На острата реакција од меѓународната јавност, на Белата куќа и од низа американски експерти и дипломати дека станува збор за неодговорна изјава од кандидат за претседател на САД- штетна пред се за самата Америка и нејзините интереси – тој (во свој стил) се бранеше дека бил погрешно разбран.
Бизнисмен кој сака диктатори
Сепак, остана впечатокот дека Трамп како претседател би му дозволил на еден Владимир Путин да нападне и освои земја-членка на НАТО. Станува збор за прва ваква изјава за односот кон европските партнери , која доаќа од САД после 100 години, налик на односот кон Европа уште од времето на американскиот изолационизам, по Првата светска војна.
Ваквото однесување во кампањата за изборите во ноември, со големо задоволство беше приемо во Москва, како и од русофилите на Западот и посебно меѓу оние на Балканот, но натера некои американски коментатори да заклучуваат дека тоа ги открива трамповите диктаторски амбиции .
Особено што овој њујоршки бизнисмен-милијардер, десничар и популист, каков САД немале досега, уште во годините кога беше во Белата куќа не сокриваше дека се воодушевува од деспоти, диктатори и авторитарни режими- како оној во Северна Кореја, или во путинова Русија и Кина, односно од орбанова Унгарија.
Болтон кој е искусен дипломат од редовите на американските републиканци (беше амбасадор на САД во ОН во администрацијата на Џорџ Буш), меѓутоа, на тоа грубо има реагирано, тврдејќи дека Трамп ниту за тоа не е способен- „нема памет за да биде диктатор“.
Во служба на противниците на Алијансата
На прашање од парискиот весник „Фигаро“ за тоа дали Трамп ги следи своите „диктаторски тенденции што во минатото ( пред три-четири години) ги фалеше, Болтон има речено дека – „човекот е пред се бизнисмен, работи со недвижен имот, купува и продава (издава) станови и згради и тоа не треба да се заборави“.
Според овој поранешен советник ( тоа е функцијата на еден Хенри Кисинџер), Доналд Трамп, едноставно, не се занимава со анализа , ниту ги анализира политичките состојби, пред да донесе некаква одлука. За него е важно само тоа каква полза тој ке има“.
-Кога има некоја идеја тој постојано ќе се враќа на неа. А потоа, некој ќе го предупреди , или ќе му укаже на некои работи, но тој пак ќе се врати на таа своја идеја, многу пати спомената- рекол Болтон за францускиот весник.
Матни политики за Балканот
Затоа, овој американски дипломат предупредува дека игрите околу НАТО за кои сега зборува, не треба да се гледаат како на празни зборови, или како десничарска и популистичка реторика. Смета дека е погрешно мислењето дека тоа му е само орудие за преговаеање со западните партнери и американски сојузнци, бидејќи онаков Трамп е способен дури и да ја напушти Алијансата.
Џон Болтон не издржа долго со Доналд Трамп и со неговата администрација во која, како советници се најдоа и неговата ќерка Иванка и нејзиниот сопруг и трампов зет- Џерард Кушнер , кој требаше да го советува за Блискиот Исток.
Не долго по именувањето Болтон поднесе оставка, по една бурна расправија и несогласување со претседателот. Набргу објави и книга за времето како советник за национална безбедност и притоа откри дека Трамп заговарал поделба на Косово и размена на територии на новата балканска држава со Република Србија.