Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

После еден век отворена џамијата во Солун

После еден век отворена џамијата во Солун

После 102 години, над двеста локални муслимани, се собраа да го прослават Рамазан Бајрам во историската џамија во Солун,  каде досега нема јавни џамии.

Во овој град во Северна Грција има многу повеќе муслимани од оние присутни на одбележувањето на  празникот, главно Турци, но и припадници на мигранти доселени во овој дел од земјата последмиве две децении. Затоа,   настанот одржан на последниот ден од овој исламски празник, оние кои се најдоа во џамијата – отворена за прв пат после еден век за молитва- се означува како историски момент.

Овие луѓе велат дека досега во градот од милион жители немало место за молитва на муслиманите, па сите верски обреди и молитвите ги имаат вршено по своите домови.

Јени Џамија од италијански архитект

Џамијата во центарот на Солун е позната како Јени џамија (Нова џамија) и се третира како историски споменик.

Изградена е во 1902 година, во времето кога овој дел од Балканот беше се уште дел од Отоманската империја, според проект на италијански архитект. Како верски објкет е користена релативно кратко, околу 20 години, до после Првата светска војна. Потоа, цели 60 години, од 1963 година до нејзината темелна реставрација, од пред неколку години,  служела како музеј на градот.

Изградена е на два ката при што архитектот ги комбинирал муслиманската традиција и елементите на стилот во градењето типичен за 19 век. Во почетокот била користена за обреди и молитви за Евреите кои преминале во ислам, познати како „Донме“.

После турско-грчкиот договор од 1923 година од Неј, крај Лозана, во џамијата во Солун кусо време биле сместени грчките бегалци од Турција, најмногу од реонот на градот Измир ( тогаш се уште познат како Смирна).

Со договорот за размена населението- 1,6 милиони Грци од Мала Азија се преселени во Грција, а 390 илјади Турци се заминати во Турција.

Претворена во музеј

Од 1963 година, Јени џамијата станува Археолошки музеј , во чие предворје се ставени и мермерни скулптури од  времето на Римјаните, како и од раниот христијански период, со саркофази и надгробни споменици. Во поново време, објектот е користен и како изложбена галерија.

Во 2013 година, тогашниот градоначалник Јанис Бутарис ја предаде зградата за пладневни молитви на солунското исламско училиште, но Солун остана се до сега без џамија за молитва на локалните муслимани.

Џамии има во реонот на Источна Тракија, во и околу  градот Комотини, каде главно е сместено турското (муслиманско) малцинство во Грција.

Во 2020 година во Атина беше изградена и отворена првата џамија во земјата, каде најголемиот број од луѓето се православни христијани.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе