Казна за недоаѓање на специјалистички преглед
Француската влада воведува казни за пациентите кои имаат закажан преглед кај лекар, а сепак, нема да дојдат. Доколку нема да дадат валидно објаснување за недоаѓањето ќе бидат казнети со пет евра.
Според медиумите во Париз кои ја пренесуваат изјавата на премиерот Габриел Атали, секоја година на закажан лекарски преглед ( кај матичен лекар и кај специјалист) не се јавуваат безмалку 30 милиони пациенти, или околу половината од вкупното население на Франција.
„Ваквата ситуација станува алармантна и ова повеќе не може да се толерира“- изкавил Атали.
Криза во француското здравство
Премиерот оценил дека казната од пет евра ќе биде само една од мерките кои владата ќе ги донесе во рамките на најавената реформа на работењето на здравството, за кое се вели дека е напукнато и во делови се соочува со целосен распад. Пред се, поради недостиг на лекарски и сестрински кадар што станува се поизразит проблем за јавното здравство.
Веднаш, меѓутоа, се огласија од синдикатот на лекарите , како и групите пациенти кои сметаат дека казнувањето нема да придонесе за ставање ред во здравството, без разлика што сите се свесни дека нејавувањето на закажан префлед создава хаос во целиот систем, пореметувајќи го редот на закажување и на прегледи.
Ваквата ситуација во францукато здравство се влоши, по долгата пандемија со корона вирусот кога на специјалистички преглед ( доколку не станува за итен случај) се чека и по шест и десет месеци.
Лекарите против владата
Критичарите на владиниот план, сепак, сметаат дека казната од пет евра на крајот ќе се претвори во дополнителен здравствен данок и приход за државниот буџет. Владата, смета дека законот ќе помине во Парламентот, а новиот систем со казнување ќе профункционира од јануари идната година.
Секој кој ќе закаже преглед ќе мора да даде детални податоци од својата банкарска картичка. Ако пациентот не се појави, одмосно пациентот хо нрма откажано прегледот во период од 24 часа, лекарот ќе може да го казни со пет евра.
Владата смета дека со овој систем бројката на пропуштени термини ќе може да се намали за 20 милиони.
Слични и македонските состојби
Примерот од Франција, според мислење на лекари и сестри, може да се примени, со копирање и во Македонија. Сознанија на Скопје/Глобал покажуваат дека постојано се зголемува бројот на пропуштени специјалистички прегледи.
Во некои случаи , има денови кога од закажани десетина прегледи ќе се појави само еден пациент. Сето тоа се случува во исто време кога во јавноста се критикува здравството и тоа најчесто околу специјалистичките прегледи.