Со „Пегасус“ против политичките противници
Државниот обвинител на Полска Адам Боднар известувајќи го Парламентот за истрагата за прислушување во време на претходната власт, на партија Право и Праведност на Јарослав Качински, потврди дека е докажано користењето на моќната спајвер програма „Пегасус“ против стотици луѓе , дури и против избрани државни функционери.
Според Боднар кој е и министер за правда, истрагата ги има откриено размерите на големата злоупотреба која е напеавена, за да се контролираат и надгледуваат луѓето, прислушувајќи што тие зборуваат по телефон, како размислуваат и со кого притоа комуницираат.
Надгледувани и државни функционери
„Мене ми е тажно што во парламентарната сала им се обраќам и на луѓе кои биле жртви на системот „Пегасус“- рекол државниот обвинител.
Тој , меѓутоа , и натаму одбива да спомене било кое име на оние кои биле жртви на прислушувањетио и набљудувањето . Обвинителството само објасни дека станува збор за доверливи податоци.
Качински и неговите, на неколку пати го менуваат исказот за скандалот. Прво , одбиваа дека „Пегасус“ воопшто е користен во Полска, а потоа дека бил користен во ограничени ситуации- само за борба со тероризмот.
Сега, поранешниот семоќен лидер на Полска , признава дека имало и ситуации да се ловат и други лица, не само од подземјетео, криминалот и осомничени за тероризам, но дека тоа се крајно изолирани случаи и „ не повеќе од еден отсто“.
Илегално собрани илјадници податоци
Истрагата, сепак, има утврдено дека „Пегасус“ – технолошки изум на израелската компанија НСО е користен во Полска меѓу 2017 и 2022 година, за следење и за надгледување на над 600 лица. Тоа го правеле две државни разузнавачки агенции и атикорупциското биро на државата.
Софтверот на „Пегасус„ има притоа собрано илјадници податоци за приватниот и професионалниот живот на овие лица.
Израел го има создаено овој високо квалитетен и максимално успешен софтвер за борбата на владата ( и на дригите низ светот) за борба со организираниот криминал и тероризмот на кој оваа земја е постојано изложена.
Меѓутоа, брзо се разбра дека во некои земји, тамошните влади ко користеле и за пресметка со политичките противнициш главно, адвокати и борци за демократски и човекови права, независни новинари и сите оние кои вкавите власти ги сметале за „опасни“ и за непријатели.
„Читање“ на мобилните телефони
Овој спајвер им овозможувал на режимите и на авторитарните власти, пристап до мобилните телефони на надгледуваните лица- откривајќи им ги шифрите, гледајќи ги фотографиите, читајќи им ги пораките, имајќи увид во контактите и во се она што го пребарувале на интернет.
Конечно, системот „Пегасус„ може да ги прислушува разговорите на мобилен телефон, во реално време.
Обвинителот Боднар сега ги има известено двата дома на Парламентот дека сето тоа се лучувало и во Полска- во времето на Качински-како во „мрачните времиња“ на комунизмот во земјата, претворајќи ја и оваа источноевропска земја ( во ЕУ) во вистински заробена држава.
Новата влада на широката коалиција која ја предводи актуелниот премиер Доналд Туск, сега настојува да ја ослободи Полска од заробеноста што ја има наметнато претходната власт.
Туск против „заробена“ Полска
Но засега работите одат многу полека, па оваа земја, како и во случајот на РС Македонија, и со нова демократска и силно проевропска власт во Варшава, постојано се судира со блокадите и со опструкцијата на сегашната полска, десничарска опозиција.
Во македонскиот случај , освен тешкото чистење од деспотијата на претходниот режим, кој одново настојува да ги поврати своите стари позиции, прислушувањето, направено по налог на избеганиот партиски лидер и 11 години премиер, беше многу помасовно од полското.
Се смета дека во Македонија се прислушувани над 25 илјади лица.
(С.Г.)