Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија- Нов заменик министер роднина на Путин

Русија- Нов заменик министер роднина на Путин

Владимир Путин продолжува со чистките во руското министерство за одбрана, операција на Кремљ која започна со (не)очекуваната смена на доскорешниот министер, генералот  Сергеј Шојгу.

Московските  медиуми не даваат никакви детали за најновите сменувања, со кои оввојпат се опфатени четворица заменици на министерот, меѓу кои  нии генералот Павел Попов. Но, откриваат дека меѓу новопоставените се наоѓа и Ана Цивалева, која во домашната јавност е позаната по тоа што е блиска роднина на рускиот претседател.

Непотизам во владата

Во министерството, таа ќе биде задолжена  за животниот и станбениот стандард на воените ветерани кои се борат на фронтот во Украина.

Станува збор за прашања за кои досега малку е направено- како  во  армиските редови, така и поголемиот дел од руското општество. За Цивилева се вели дека  е именувана  ( по функција) за директор на Фондот  за давање подршка на руските војници- кои биле, или кои се уште војуваат на украинска територија.

Именувањето на роднина на семоќниот руски лидер , за заменичкото место во (сега) виталното , министерство за одбрана, (затоа што земјата е 28 месеци во војна што  самата  ја предизвика), се смета  дека е само уште еден доказ за силниот непотизам што е присутен во Русија.Уште од времето на СССР, а посебно откако Путин ја има целата контрола врз власта во  земјата.

Особено што сопругот на новата заменичка министер, Сергеј Цивалев е веќе министер во владата, задолжен за енергетиката.

Злоупотреба на функцијата

Чистките во министерството за одбрана започнаа со трагањето на Шојгу кој сега е генерален секретар  во рускиот Совет за национална безбедносѕт.

Во ова тело , со кое инаку треба да раководи самиот  Путин, тој има сместено   уште еден  поранешен висок фунционер – Дмитри Медведев , бивш премиер  и еден мандат и претседател на Русија.

За него во руската политичка јавност се зборува дека  е  сменет поради злоупотреба на функцијата и  поради непримерно богатење- со недвижен имот во земјата и во Западна Европа.

Проценка е дека Медведев  не е сосема политички елиминиран само затоа што му го „чуваше местото шеф на државата“ на Путин , кога овој мораше да биде премиер ( еден мандат) за да може одново да се кандидира за претседател.

Корупција во министерството за одбрана

Со тогашната уставна одредба . претседателот на Русија имаше право на само два едно, по друго мандати. Уставот беше сменет,па сега Путин (72) може да вбиде ддоживотен шеф на државата. Сега го тера својот пети по ред мандат.

Како и да е, по сменувањето на Шојгу, уследија драматични соопштенија од Кремљ за тоа дека е откриен криминал во министерството за одбрана, односно случаи за земање поткуп и за корупција. Во април годинава, прво беше сменет, а потоа и уапсен и обвинет за примање мито, првиот заменик на Шојгу, генералот Тимур Иванов.

Корупцијата е широко раширена во руското општество и во државната администрација, па по апсењето на едно воено лице и висок државен функционер за поткуп, во Москва се раширија разни везрии за тоа- што е вистината за чистките, а таа атмосфера на анализирање на потезите на Путин, трае и сега.

Виновник за хаваријата во Украина

Сите сменети се луѓе на поранешниот министер, кој не е санкциониран туку е тргнат на страна, па една верзија е дека чистката е последица на неуспехот во Украина и на лошто планирање на инвазијата.

За тоа зборуваше и силно критикуваше (без путинова реакција) газдата на  паравоениот Вагнер, Евгениј Пригожин кој потоа  и самиот загина во мистериозни околности , откако се обиде да изврши пуч против врвот на војската.

Друга верзија  за сменувањето на Шојгу и за чистките кои се уште траат е  прикривањето на  вистинскиот виновник за хаваријата во Украина- а тоа е самиот Путин. За војната од која  Русија не знае како да се извлече , а да биде победник , на јавноста треба да и се каже дека вината  што таа трае, сепак,  е во врвот на војската.

Тоа треба да ја прикрие вистината дека нему блиските и крајно лојални  „силники“ во Кремљ (безбедносниот врв на Русија), ја имаат смислено целата операција за агресија врз Украина, уверувајќи го претседателот дека таа  ќе трае најмногу неколку недели, по што Киев ќе падне.

„Во манирот на диктаторите“

Тоа не се случи, па на почетокот и покрај запоседнатата  територија на Истокот од Украина, руската војска  има платено  висока цена-  огромни загуби во луѓе и во оружје.

Сето тоа само за прошрување на окупираната  територија јужно од Донбас , што се придодаде на онаа  веќе окупирана во пролета 2014 година, кога без борба беше запоседнат Крим.

Останува прашањето за поставувањето роднини во власта, во случајов во министерството за одбрана.Критичарите на режимот на Путин тоа го објаснуваат со – „вообичаена постапка, која ја прават сите диктатори“.

Во еден период од своето неограничено владеење и моќта која си ја имаат присвоено, тие веќе никому не веруваат. Затоа на високи, или важни позиции во власта, поставуваат најблиски роднини- оние за кои знаат дека  не може да им наштетат и да ја загрозат нивната безгранична власт.

(М.Р.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе