Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Хрватска е скапа за летување

Хрватска е скапа за летување

Низа медиуми во Германија и Австрија, но и во Словенија се огласија со прилози за годинешново туристичко лето, рангирајќи ги земјите од медитеранскиот регион според цените, пред се, во угостителството.

На оваа скала, излегува дека Хрватска- која последниве години бележи силен раст во посетеноста  на странските туристи и гости, промовирајќи се како една од најпопуларните дестинации- станува прескапа, за одмор и за летување.

Илјада евра за една недела- по човек

Еден австриски весник има пресметаново дека   за една недела на хрватското јадранско приморје се потребни најмалку една илјада евра, за едно лице.

Популарен словенечки  тв канал, пак, забележува дека ова лето се поскапени сите угостителски услуги, но дека се зголемени и цените и во продавниците за храна и за секојдневни потреби на гостите.

Сето тоа, има придонесено за пад на рејтингот на Хрватска како (релативно) евтина дестинација за просечните германски, австриски и словенечки туристи,  кои се инаку, традиционално, најбројни гости  на Јадранот.

Посебно во неговите северни делови , како што е Истра и тамошното приморје, или во местата на среден Јадран.Тоа се смета дека е важно за истакнување, бидејќи овој дел од Хрватска- за прв пат оваа година- има повеќе резервации од југот на земјата, каде доминираат Дубровник и неговата околина.

Против масовниот туризам

Во сите три европски земји, затоа, се согласуваат дека Хрватска сега е поскапа од Шпанија и Португалија. како и од Грција.

Министерот за туризам, меѓутоа, ги отфрла оценките, иако не ја негира состојбата на цените и поскапениот живот- и за населението.  Смета дека во случајов станува збор за „вообичаената конкурентска битка на туристичкиот пазар“.

Министерот, сепак, настојува да ја оправда скапата понуда со тоа што објаснува  дека Хрватска- не е и не сака да биде земја на масовен туризам- какви што (според него) се земјите кои објективно се поевтини од хрватското приморје.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе