Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Премногу перфектен атентат“

„Премногу перфектен атентат“

Едно 20 годишно момче, гласач за американските републиканци и дете  од семејство кое ја подржува оваа партија, пукаше во местото Батлер, во сојузната држава Пенсилванија, во Доналд Трамп, а тој (практично) остана   неповреден.

Екс претседателот кој сака да се врати во Белата куќа, не сокривајќи дека ќе се одмаздува, уште од сега заканувајќи им се на оние кои ги  смета за  виновни што пред четири години не  победил на изборите, иако убедливо загуби во гласањето на Американците, беше нападнат во оружен  инцидент  означен како атентат.

Пукачот имаше 20 години

Пукачот, користејќи ја пушката на неговиот татко, на одалеченост помала од 120 метри, меѓутоа, го има погодено Трамп само во- горниот раб  на десното уво, не нанесувајќи му никаква друга повреда  на главата или телото. Останаа видливи само мали траги крв на лесно повреденото уво.

Трамп, врз кого се имаат нафрлено луѓето од безбедноста, веднаш потоа беше одведен  до првата болница , од каде набргу беше отпуштен. Неговиот портпарол има изјавено дека републиканскиот кандидат за претседател- не е повреден.

Момчето кое пукаше од отворената тераса на една зграда, наспроти поставената трибина, на која се појави Трамп беше убиено од специјалците, додека стоел исправено – како прекрасно поставена мета- на терасата.

Пропуст на безбедноста

Само неколку минути по веста дека „некој се обидел да го убие Доналд Трамп“ на социјалните мрежи низ САД, се појавија првите реакции , а во нив доминираше коментарот дека станува збор за -наместена работа,

Според медиумите овој коментар стана синоним и за раширување на теориите за некаков заговор  Доминантен притоа беше сомнежот за напад врз човекот кому голем дел од Америка не му верува -„ниту кога збрува за времето“.

Подоцна, осебно на екс Твитер (сега Икс) на Елон Маск, силен подржувач и донатор на Трамп, се појавија разни теории на заговор кој ја имаат преплавно оваа мрежа- сите филувани со бројни шпекулации и никакви докази.

Теории за заговор

Америка  на некој начин е опседната со разни загвори- за се и за сешто-  уште од 1963 година, по атентатот врз Џон Кенеди, во Далас, во Тексас, кој и натаму (за обичниот свет) остана недоразјаснет и без одговор на прашањето -кому беше потребен атентатот  и зошто требаше да се  убие тогашниот претседател.

Во случајт со пукањето врз Трамп во Пенсилванија, една од т.н. важни сојузни држави за електорското гласање, теориите за заговор тргнуваат од некои основни прашања за кои нема (засега) одговор.

Прво, тоа е пропустот на полицијата, на ФБИ и на Тајната служба да направат таков пропуст и да дозволат да бидат надмудрени од едно 20 годишно момче.

Односно, да допуштат момчето со пушкат да се искачи на терасата и да се намести за стрелање, а тоа никој да не го види. Уште повеќе , што има  сведоци кои зборуваат дека тие виделе како се шета и се мести  на терасата од каде е пукано.

Публиката прави фотки

Како и зашто тоа се случило, во  моментот кога се прави овој текст не е познато, освен изјавата на околниот обвинител дека момчето делувало само.

„Сето ова, затоа, изгледа премногу наместено“- стои на екс Твитер, зад што има милионска подршка.

Овој пост укажува на крајно невобичаеното однесување на масата (на публиката) на трибината, која е зад Трамп,  за која се вели- а тоа многу убаво се гледа- како седи мирно , на своите седишта и ги користи своите мобилни телфони – правјќи дури и снимки од она што се случува пред нив- на говорницата

„Едноставно, никој не бега од местото и не бара засолниште, што би било најномална реакција кога се пука во непосредна близина.Притоа,  оставајќи впечаток како да не се слушаат ниту истрели- вели овој пост.

Од него следи и коментарот дека- не му верува на човекот кој се прикажува како жртва.

Сомнителни пози

Вториот сомнеж во верзијата за атентат и  за намерата да се убие Трамп, е една фотографија на агенцијата Асошиетед прес.  На неа е патетичната поза на „ранетиот“ Трамп, со малку раскрваваено  уво, додека над неговата глава стои развиорено американското знаме.

Уследија бројни коментари за тоа како за  лажно патриотска илустрација  дека Трамп е оној кој е спремен да се жртвува – ако треба и да загине- за Америка, за да таа биде одново силна и голема.

Еден американски Ју-тјубер по тој повод има напишано дека стануа збор за -„премногу перфектна ситуација за да биде вистинита„- додавајќи дека знамето е премногу перфектно поставено во една таква ситуација кога станува збор за атентат врз еден висок политичар.

Патетична политизација

Во секој случај, сето ова делува  наместено за да биде патетично и при  тоа е евтино исполитизирано .Целта е  да предизвика и симпатии кон жртвата (Трамп) и да покрене сожалување кон човекот со толку многу дамки во кариерата и во животот.

Прво, во политиката,како заскитан во политиката,  но и во бизнисот, потоа во односот кон сопствената држава и најпосле кон сопругата,   која со месеци слуша за неговите неверства.

И, наместо повреден , како што тоа беше во случајот со словачкиот премиер Роберт Фицо, инаку популист како и Трамп и негов левичарски симпатизер, Американецот не беше во болница на лекување. Наместо тоа, Трамп објави дека господ му го спасил животот, па  замина на нов митинг- како здрав.

Претседателски кандидат

Станува збор за  митинг во функција на националната конвенција на републиканците, за да биде нивниот кандидат за претседтел за изборите во ноември.

Сигурно е дека без проблеми тоа ќе му успеее, при што во неговата партија се  прават слепи дека станува збор за осуденик за корупција, за  бзнисмен кој ги измамил даночните власти, но и за претседател кој се обиде да прави пуч против изборните резултати во 2020 година кои продолжува да ги означува како „фалсификат“.

Покрај сето  тоа,  сега ( по пукањето) зборува за намерата да ја обединува Америка. Земјата која токму тој ја има поделено како  ниту еден претседател на САД  пред него.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе