Пад на профитот на „Виз Ер“
Нискобуџетската компанија „Виз Ер“ во август годинава има забележано пад на профитот за цели 44 отсто, што предизвика намалување и на планираниот раст на профитот за целата оваа годона.
Според британски медиуми, компанијата се соочува со криза која се смета дека се должи на крајно лошиот однос на „Виз Ер“ кон патниците и корисниците на нејзините услуги, а тоа за последица го има откажувањето на луѓето да летаат со оваа унгарска компанија.
Во јуни, компанијата беше прогласена за најлошата која лета од и за Британија и тоа се случува веќе трета година едно по друго.
Најлоша компанија во Британија
Ваквата оценка е последица на (речиси) постојаното доцнење на летовите и непридржувањето на редот на летањето, што во сегашната остѕра конкуренција на авионскиот шазар, има примарно значење за патниците.
Британските агенции кои го надгледуваат работењето на компаниите кои слетуваат и полетуваат од британските аеродроми, имаат пресметано дека во текот на минатата година, авионите на „Виз Ер“ , во просек доцнеле по 31 минути.
Станува збор за податок кој се однесува за Британија. Ситуацијата, меѓутоа, е далеку полоша кога се во прашање аеродромите во земјите од Источна Европа и на Балканот, каде доцнењето често знае да изнесува и по неколку часови.
Редовно доцнење на летовите
Тоа предизвика компанијата да биде прогласена за најлоша, кога станува збор за сервисирањето на услугите кон патниците- како на земја, така и во текот на летањето.
Ситуацијата е толку влошена што дури е една унгарска комисија за авиосообраќај ја има парично казнето оваа компанија, која на времето беше третирана како показател на унгарскиот економски просперитат.
Посебно откако таа се искачи како трета меѓу нисконуџетските компании во Европа- после „Изи Џет“ и „Рајан Ер„.
Во управата на компанијата ја отфрлаат казната како „незаконска„ но во исто време настојуваат да излезат од кризата, нудејќи една своја нова услуга.
Годишни претплатни карти
Тоа е издавањето на годишни претплати за летови со „Виз Ер“- според системот летај колку можеш. Цената на една ваква претплатничка карта изнесува 499 евра.
Понудата беше до 15 август, по што понудата ќе поскапе и ќе изнесува сто евра повеќе. Колку што се знае досега, десет илјади патници се претплатиле за годишно користење на авионските летови со оваа компанија.
„Виз Ер„ досега нудеше т.н. пакет авиокарти за повеќе летови, но моделот со претплатата е новина. Сличен модел имаат американската компанија „Фронтиер Ер“, како и малезиската „ЕрАзија“.