Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Фабрики за лажни вести

Фабрики за лажни вести

Осум години веќе, неамерикански фабрики – со содржина наменета за Американците- на Фејсбук – создаваат ЛАЖНИ американски страници, полнејќи ги со лажни вести- пишува угледното списание „Форбс“, потсетувајќи дека во денешно време , при креирањето на лагите, им помага вештачката интелигенција (АИ).

Ова списание има откриено 67 вакви лажни страници, кои се прикажуваат како да се американски, иако тие се создаваат и се полнат со лажни вести надвор од САД. Дури 33, според весникот- имаат седиште во Северна Македонија.

Македонски „Американски приказни“

На пазарот овие страници се познати како  „Горд Американец“ или „Американски приказни“, односно како „Ние сме Америка“, но сите овие немаат никаква врска со САД. Зад нив стојат странски фирми, од кои- како што покажува истражувањето на „Форбс“- барем половината  „се откриени во малата балканска држава“.

Содржините се типично американски , прилагодувајќи се на вкусот на обичните Американци , па затоа лесно ги измамуваат читателите. Тие, пак, брзо и лесно кликнуваат на некои од линковите.

Списанието вели дека сите овие 67  фабрики за лаги, на Фејсбук, што тие ги имаат откриено, во меѓувреме се отстранети, но останува фактот дека тие  лесно се лепат за консументите, бидејќи ја промовираат американската култура, како и американскиот идентитет.

Осумгодишно искуство

До 20 август , на пример, тие имаат успеано да соберат над девет милиони следбеници, а тоа е повеќе отколку еден весник каков што е „Вол Стрит Џорнал“, или респектабилниот „Вашингтон Пост“- два читани американски весника.

Истражувањето има откриено дека седиштето на ваквите страници се во Канада и во Франција, но и во земји како Венецуела, Виетнам и Мароко.

„Форбс„ посебно ги има анализирано фабриките и фирмите кои нудат лажни вести а се сместени во Северна Македонија и пишува дека тие овде егзистираат подолго време.

За време на претседателската кампања во САД тие на Фејсбук имаат пласирано илјадници лажни вести и дезинформации- за американската политичка и друга јавност, заработувајќи и по десет илјади долари, за оглас.

Во служба на Доналд Трамп

За изборите во 2016 година сите тие беа за Доналд Трамп, а против неговиот противкндидат (тогаш Хилари Клинтон).

Тоа предизвика (основано сомнение) дека сите вакви текстови се во функција на руските тајни служби и за потребите на кремљовската политика.

За да се избере неискусен и политички неподобен кандидат за претседател, за да преку него се ослабне моќта на САД на глобално ниво. Посебно во Европа и на Балканот, што Русија го сакаше и го сака само за себе.

Направените истражувања покажуваат дека во денешно време дури се изгледа и полесно, благодарејќи на вештачката интелигенција . Таа на овие фабрики им овозможува производство на бесконечно количество неточни, измислени и целосно лажни информации, на кои лесно се закачуваат читателите.

Измислени вести со помош на АИ

За откривање на лагите , списанието „Форбс“ има провлечено , низ АИ детектор, еден текст од една таква фабрика. Притоа се покажало дека текстот е меѓу 80 и 100 отсто  генерисан со помош на вештачката интелигенција.

Овој детектор, исто така утврдил, дека страницата „Ние ја сакаме Америка“ има седиште во Шпанија, додека друга, позната како  „Американски приказни“ е стационирана во Северна Македонија, а текстот што минал низ детекторот бил  целосно  генерисан со АИ.

Портпарол на компанијата „Мета“ под чија капа е Фејсбук,  има изјавено дека сите тие 67 страници ги прекршиле правилата на „Мета“ со самото тоа што наведувале лажни локации.

Овој портпарол уште има изјавено дека сите биле активни меѓу седум и десет денови , пред „Форбс“ да ги оцени како лажни.

Десничарење и конзервативизам

Новина е дека сега ваквите фабрики на страниците кои ги создаваат имаат помалку политика во лажните текстови кои ги пласираат, а повеќе се свртени кон т.н. таблоидски теми и стории.

Ова американско списание потсетува дека кога македонските фабрики на лаги се појавија- во текот на 2016 година- за нив се заинтересираа најугледните медиуми во САД, како телевизиската мрежа Си-Ен-Ен и весникот „Њујорк Тајмс“. Во тоа време доминраа теми кои обични ги „голтаат“ десничарски наклонети и крајно конзервативно определени  читатели.

Темите главно беа против миграцијата , за трансродните луѓе ,или за расизмот и меѓурасните односи.

Односно, стануваше збор за теми кои беа акрактивни за најконзервативниот слој на американското општество, а тоа беа оние кои  се беа определиле за Трамп и за неговиот популизам, десничарењето и  кокетирањето со расистите.

Ладење од политиката

Сега велат дека работите се изменети. Особено после настаните од 6 јануари 2021 година  врзани за обидот за пуч на  Трамп против тогашните изборни резултати, со освојување на зградата на американскиот Конгрес, од страна на негови подржувачи.

Меѓутоа, впечаток на истражувачите е дека политиката како да се повлекува од платформата на Фејсбук, иако не сосема, па лажни текстови со политичка заднина и порака има и сега. Но, велат, дека повеќе како критички анализи за расните состојби во САД и за трансродните, а многу помалку како пропаганда.

Таблоидните теми сега се доминантни, па се споменуваат примери за брачни состојни (на познати имиња и американски јавни личности) или на случаи кога вработени им се одмаздуваат на бизнис елитите , дека биле омаловажувани на работното место.

Всушност, реакцијата на „Мета“ и на Фејсбук со менување на алгоритмите на оваа социјална мрежа, за одалечување од политиката, ги натера лажните американски страници да се прилагодуваат на новите правила.

Измамени Американци

Фејсбук, на пример, сега го има намалено досегот на линкови со несакана содржина, давајќи им предност на коментарите за сопствените објави.

Експерти, пак,  сметаат дека и овие страници, сепак,  не се сосема обезбедени од политичка злоупотреба и искривоколчена пропаганда.

Како пример за тоа еден експерт го посочува случајот со страницата   „ Америка Тудеј“ која има измамено голем број Американци кои се имаат налепено на (лажната) објава. А, таа е политизирана затоа што порачува- „Не давајте ниту цент повеќе за државите кои не ги почитуваат нашето знаме и нашите американски вредности“.

Утврдено е дека со оваа страница се управува од Северна Македонија.

Во секој случај, проценка е дека е добро тоа што сега  самата компанија „Мета“ ја утврдува локацијата на страницата со лажни вести и тоа веднаш го прикажува на својата News Feed.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе