Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Амбасадорка за тигри

Амбасадорка за тигри

Една маргинална политичка личност од Австрија, која во времето на коалицирањето на ултрадесничарската Слободарска партија во владата, беше дури и австриска министерка за надворешни работи, сега е именувана за амбасадорка (на добра волја)- за спасување на тигрите.

Станува збор за Карин Кнајсл (59)  која  ја презема оваа должност, со единствена обврска – да се подигнела свеста за заштита и за спасување на овие животни, веќе прогласени за загрозена врста.

Бегство од Виена ?

Но, именувањето и поставувањето на оваа должност не ја изврши австрискиот претседател, туку Владимир Путин. И таа нема да се грижи за тигрите, какви што ги познаваме, кои впрочем  и не живеат во Австрија и во Европа, туку за сибирскиот тигар.

Ова животно некогаш беше вообичаена врста во северните делови од Азија, но со години на ред сибирските тигри исчезнуваат , па нивниот број сега е прилично намален.

Фрау Кнајсл која веќе неколку години се пресели и живее во Русија, има задача- добиена од рускиот претседател- таквиот процес да биде запрен.

Таа беше шеф на дипломатијата во владата во Виена, од 2017 до 2019 година. Беше ангажирана на таа функција од австриските ултрадесничари , за кои се знае дека се блиски до Путин и Кремљ, од каде повремено и се финансираат.

Танц со Путин

На својата министерска позиција се „прослави“ со тоа што во 2019 година, го покани на својата свадба Путин. Тој не само што ја прифати поканата , туку  и танцуваше со невестата.

Како и зошто замина во Русија и дали таму живее сама, не се знае, но за неа претходно се тврдеше дека Путин ја има поставено за раководител на  новооснованиот руски Институт за надворешни прашања во Санкт Петербург.

На еден форум на институтот, во јуни годинава , изјави дека е „среќна што живее и работи во Русија“. Сега на форумот во Владивосток, има речено дека  посакала да се грижи за „големите сибирски мачки“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе