Поврзете се со нас

Skopje Global

a couple of tall buildings sitting next to each other

Свет

Саудијци замешани во нападите од 11/9/2001

Саудијци замешани во нападите од 11/9/2001

Граѓанската парница што се води во судот во Њујорк, во која роднините на жртвите во терористичките напади од 11 септември 2001 година, ја тужат владата на Саудиска Арабија за соучесништво во нападите, одново ги покрена старите  сомнежи, присутни во делови од американскат јавност.

Прво, за тоа дали воопшто биле инволвирани Саудијците и ако биле- кои делови и колку од режимот во Ријад биле замешани во најголемиот терористички напад извршен  досега,  во кој во  Њујорк и Вашингтон беа убиени безмалку три илјади лица.

И, второ, за тоа дали тогашната американска администрација имала сознанија за замешаноста, но ги сокрила од домашната јавност, за да не се нарушат виталните (за САД) односи со Саудиска Арабија.

Случајот со лажниот студент

Сето ова се отвори откако адвокатите на роднините на жртвите, ги побарале и ги  добиле од британската полиција запленетите предмети при апсењето на саудискиот студент во англискиот град Бирмингем, само десет денови по извршениот тероризам во Америка.

Во широката потрага по соучесници и помагачи на терористите-  при киднапирањето на авионите со кои подоцна беа урнати двете стокатни кули-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и едно крило на зградата на Пентагон во Вашингтон, десет денови по нападите, бил уапсен и британскиот  студент Омар ал Бајуми.

Британската полиција го има сослушувано една недела овој Саудиец, но потоа го пуштиле- без обвинување.  Американското ФБИ, меѓутоа, подоцна, го има идентификувано како оперативец на саудиската тајна служба.

Видео снимка и таен нотес

Сепак, Британците ги сочувале запленетите предмети, меѓу кои на судот во Њујорк му биле презентирани една видео снимка што ја има направено Саудиецот во Вашингтон, шетајќи меѓу зградите на американската влада, како и белешките од неговиот нотес.

На снимките се слуша и коментарот на Ал Бајуми на арапски за -„Американците како за демони“, но тоа дека аеродромот ( во Вашингтон) не е далеку, откако со својата камера има снимено еден авионски прелет над главниот град на САД.

За него се знае дека прво ги уверували оперативците на ФБИ дека видео снимката (која сега се анализира на судењето во Њујорк) била направена во рамки на „туристичко разгледување на Вашингтон“.

Подоцна има признаено дека (сепак) се запознал со двајца од киднаперите на патничкиот авион кој немерно беше урнат врз еден блок  на Пентагон, но тврдел дека тоа била негова „наивна грешка“.

Снимени владини згради

Адвокатите на судењето по граѓанската парница, не се занимаваат со тоа дали американската истрага ги видела овие докази, вклучувајќи го и нотесот на кој се набележани координати на авионските летови над Вашингтон, потоа одалеченоста на аеродромот , како мерената височина на авионите, кога го прелетуваат градот.

Но, еден сведок на судењето кој, инаку, го преживеал терористичкиот напад, и без тоа е уверен во саудиската замешаност. Според него, тоа е видливо од снимениот материјал, затоа што на него се сите владини објекти кои ги имале како цели и терористите на Алкаеда.

Користен е исто така и јазикот што го употребувале терористите при грабнувањето на авионите и при нивното насочување кон определената цел, па сведоците сега прашуваат за работењето на американската истрага на случајот.

Особено што се знае  дека во текот на истражните работи, ЦИА и ФБИ не делувале усогласено.

Несоработка на ЦИА и ФБИ

Затоа се инсистира на сомнежот дека тогашната администрација на САД, се обидувала да  ги сокрие материјалите кои укажувале на замешаноста на Саудиска Арабија. Ако не од самата држава, тогаш од некои од нејзини влијателни поединци.

Властите во Ријад уште веднаш по нападите, а и подоцна, имаат демантирано дека – на било кој начин Саудиска Арабија има врска со нападите, посебно не од некој нејзин функционер.

Робин Свон, пак, автор на книга за 11 септмври 2001 година, тврди дека  доказите кои ги има доставено британската полиција, за сегашното судење, сепак, зборуваат за нешто друго.

Според него, излезе дека тие се клучни за правењето на слагалката според која- вработен човек во саудискиот режим- ги помагал терористите, уште при грабнувањето на авионот, искористен за напад.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе